Апел на Папата за убиениот свештеник во Нигерија и за измачената Украина

Апел на Папата за убиениот свештеник во Нигерија и за измачената Украина

Папата Фрањо ги повикува на сите да се молат за душата на свештеникот од Нигерија кој е убиен минатата недела и да продолжат да се молат за измачениот украински народ.

На Генералната аудиенција во среда 18 јануари 2023 во салата Павле VI во Ватикан, Светиот Отец ги поттикна сите во своите молитви да се сетат на многумината христијани кои директно трпат насилство.

Посебно зборуваше за свештеникот од Нигерија отец Исак Ачи кој беше запален жив во парохиската куќа на парохијата „Свети Петар и Павле“ во Кафин-Кору во провинцијата Паикоро во неделата, на 15 јануари во епархијата Мина во Северна Нигерија. Групата разбојници не е идентификувана, а отец Колинс бил застрелан и ранет во грбот додека се обидувал да избега.

Ве молам сите да се молите со мене за отец Исак Ачи, од епархијата Мина, во Северна Нигерија, кој беше убиен минатата недела во парохиската куќа. Колку христијани трпат насилство на своја кожа! Го повикувам мирот на Господ Исус на сите вас и вашите семејства, рече Папата во поздравот до верниците од англиското говорно подрачје.

Утеха и мир за Украина

Папата потоа се осврна на измачената Украина, повикувајќи ги сите во своите молитви да се сетат на народот на кој многу му е потребна нашата близина, утеха и пред сѐ мирот.

Потсети и на последниот ракетен напад кој се случи минатата сабота, на 14 јануари во кој се убиени и ранети многу цивили, меѓу кои имало и деца.

Ја делам болката со членовите на семејствата на кои им се кинат срцата. Сликите и сведоштвата за тој трагичен настан се силен апел до сите совести.

Не смееме да останеме рамнодушни!

Во медиумиските извештаи се наведува дека 45 лица загинале, 79 се ранети во рускиот ракетен напад во кој во саботата е погодена станбена зграда во укринскиот град Днепар. И понатаму 19 лица се водат за исчезнати.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот