Црквата мора постојано да биде инструмент на милосрдието

Црквата мора постојано да биде инструмент на милосрдието

Црквата ја чувствува потребата за обнова на напорите и ентузијазмот во постојана мисија за евангелизација, порача папата Фрањо во текот на говорот на крајот од Пленарното собрание на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација.

Задачата на ова Дикастерија е плодовите од Годината на милосрдието и понатаму да живеат во заедниците на верници, нагласи Светиот Отец. „Црквата Јубилејот на милосрдието го доживеа со голема вера и силна духовност, посебно во повторното откривање на светата Тајна Исповед. Затоа не можеме да дозволиме тој голем ентузијазам да се разводни или заборави“, истакна Папата. „На Црквата е голема одговорноста постојано да продолжува да биде средство на милосрдието. Така прифаќањето на Евангелието ќе се перцепира и живее како спасоносен чин, кој во животот на поединецот и на општеството донесува полна и конечна смисла.“

„Навестувањето на милосрдието, конечено и видливо во стилот на животот на верникот, спаѓа во залагањето на секој евангелизатор, кој лично го искусил повикот за апостолат токму во силата на направеното милосрдие.“ Светиот Отец потсети на зборовите на апостол Павле, од Првото Послание до Тимотеј, кое навестителите на Евангелието, никогаш не смеат да го заборават: „Верни се и достојни за секакво примање зборовите, дека Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас. Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние, кои што ќе поверуваат во Него за живот вечен“ (1Тим 1, 15-16).

Во својата природа, евангелизацијата припаѓа на Божјиот народ, рече папата Фрањо, посочувајќи конкретно два аспекта: Првиот е придонесот на одделните народи со нивните култури, кои го нудат на целиот Божји народ. Црквата е повикана да го оцени тоа големо богатство и разноликост, за да се оствари единство на целиот човечки род. Вториот аспект е дека повикот за евангелизација поминува преку секој човек, за да се вклучи во една сложена мрежа од меѓучовечки односни.“ Тоа важи особено за овој период, рече Папата, „кој се карактеризира со една нова култура, плод на технологиите, која од една страна фасцинира со своите освојувања, но од друга страна го прави очигледен недостатокот на вистински меѓучовечки односи и интереси еден кон друг.

Важно е да се проникне во срцата на луѓето, за да се открие оној Божји знак, кој дозволува да се гледа спокојно на иднината“ – заврши Папата – но исто така и да достигне до многу луѓе паднати во мрежата на рамнодушноста, која не им дозволува да го запознаат вкусот на животот.“

РВ/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот