Христијански пристап на уживањето
Проблемот кој постои во нашиот западен дел на светот е хедонистичкиот пристап кон уживањето, кој вели: Ако нешто е поволно тогаш морам со тоа да се натрупам. Денес, кога нешто е поволно, ние најчесто сакаме тоа да го имаме во полна мерка, да бидеме со тоа потполно задоволени. Ако обожаваме да скијаме, стануваме „страствени скијачи“.
Ако ни се допаѓа тенис, стануваме „зависници од тенисот“. Ако ни е поволно да се љубиме, наскоро и ќе спиеме заедно.
Тоа, секако не е христијански начин. Христијанискиот пристап е уживањето да се задоволи со нешто за момент, а потоа заборави на тоа. Тоа е пристап на уживање, а да не се стане зависен на него. Со други зборови, да не сакаш ниту една работа или личност освен Бог на начин да не можеш да бидеш среќен без неа. Таа е причината зошто свети Фрањо Асишки ја гледал света Клара само еднаш во годината; уживал во пријателството со нејзе толку што не сакал да зависи од тоа за да се чувствува среќен.
Голем благослов е да уживаш во малите вкусови на убавините на животот, да го слушаш во нив тивкиот шепот на небесната радост, без потребата да бидеш нивен роб, дури и во мала мерка. Вистинскиот христијанин ќе биде задоволен со малите задоволства, дали со храна, пијалок, бакнеж за добра ноќ или дури радоста на пријателството, без упорно барање на уште нешто.
Местото на потполно задоволство, длабока исполнетост не е на овој свет, туку на следниот. Ако успееме да ги вкусиме ситните деликатеси и поволности на кои наидуваме на патот и ако со нив сме задоволни, можеме да бидеме смирени на својот пат кон потполното и завршното исполнување во божествениот брак во Царството Божјо.
Без разлика како да ја ставиш скалата на задоволства кои ти се цел – на нивото на мали задоволства кои доаѓаат на пример, со топла невина прегратка или бакнеж или ја поставуваш на силно уживање кое доаѓа со предбрачните сексуални односи неколку пати во неделата – ќе бидеш еднакво неисполнет. Зошто? Затоа што нашите желби се безгранични и секој обид за нивно исполнување до конечната реалност секогаш е осудено на неуспех. Колку повеќе попуштаме на својот нагон, дали за егзотична храна, алкохолни пијалоци или за сексуален однос тоа бара повеќе од нас.
Ако ги прилагодиме очекувањата на дозволеното ниво ќе бидеме подеднакво психолошки задоволни како да сме ги поставиле на хедонистичко ниво. Но, поставувајќи ги очекувањата на дозволеното ниво, лесно ќе се одвоиме од задоволствата и ќе се чувствуваме слободни да се предадеме себе во несебична љубов (агапе). Во спротивно робови сме на своите страсти, а другите ги користиме за тие да ги задоволиме страсти.
Преземено од Битно нет/Превод:к.мк/Д.И.