Христијанинот никогаш не мирува, ниту пак го запираат потешкотиите

Христијанинот никогаш не мирува, туку секогаш оди напред покрај тешкотиите рече папата Фрањо на светата Литургија во капелата на домот Света Марта. На денот кога Црквата ги слави свети Кирил и Методиј заштитници на Европа, Папата се задржа на темата за идентитетот на учениците.

Каков мора да биде Исусовиот ученик? Папата Фрањо тргна од ликовите на свети Кирил и Методиј за да ја развие идејата за христијанскиот идентитет. Толкувајќи го првото читање од Делата на светите Апостоли (13, 46-49), веднаш истакна дека христијанинот е „испратен“ затоа што Господ ги испраќа учениците и бара од нив да одат напред. Христијанинот е всушност Господов ученик, секогаш во движење, секогаш оди напред.

„Христијанин кој стои во место е нешто незамисливо: „неподвижниот“ христијанин е болен во својот христијански идентитет, неговиот идентитет е зафатен од некоја болест. Христијанинот е ученик токму затоа, за да оди, за да оди напред. А тоа го слушнавме и во Псалмот и во Господовото послание: „Одете по целиот свет и навестувајте го Евангелието“ (Псалм 117; Лк 10, 1-9; Мт 28,29). Одете. Одете. Еве, вистинскиот став на христијанскиот идентитет е да одиш, оди напред и покрај тешкотиите, оди покрај тешкотиите.“

Тоа се случило и со Павле во Антиохија Писидиска, каде имало тешкотии со еврејската заедница, но паганите знаеле да направат чекор напред (Дела 13,48) и го прифатиле навестувањето. Исус, истакна Папата, поттикнува „одете по раскрсниците и колку души ќе најдете, повикајте ги „сите добри и лоши“ (Мт 22, 9). Така вели Евангелието, нагласи Папата: „И оние лошите! Сите!“ Христијанинот затоа е подвижен, а ако постојат потешкотии, тој ги надминува за да ја навести близината на Царството Божјо. Другиот аспект на христијанскиот идентитет според зборовите на Папата е содржан во зборот „јагне“. Христијанинот е јагне и мора да ја задржи таа карактеристика. Нашиот Господ не праќа како јаганца меѓу волци.“ (Лк 10,3). Но, Папата прашува, некој би можел да предложи против волците да се оди со сила, и потсетува како Давид кога тргнал во борба против Филистеецот Голијат: Саул сакаше да го облече Давид со оклопи, од кои Давид не можеше да се движи (сп. 1 Царства. 17,37-40). „Така Давид не бил свој, не бил понизен, не бил повеќе Давид. На крајот, тој го зема во рацете стапот и победува“, вели Папата и продолжува:

„Како јаганца. Не станувајте волци… Затоа што некогаш доаѓаме во искушение и помислуваме: Ова е тешко, волците се претпазливи, но би можел да ги надитрам со лукавство, ха? Јагне. Не неранимајко, туку јагне. Јагне. Со христијанска итрина но секогаш како јагне. Затоа што ако ти си јагне, Он ќе те брани, но ако се чувствуваш силен како волк, Он нема да те брани, те остава сам и волците суров ќе те изедат. Како јагне.“

Третиот вид на христијански идентитет е „христијански стил“ т.е. радост. Христијаните се радуваат затоа што го познаваат Господ и Го навестуваат на другите. Папата предупредува дека не може низ животот да се чекори како христијанин, а истовремено да бидеш без радост, не може да се живее како јаганца без радост. И во тешкотиите, во проблемите, во сопствените грешки и гревови, продолжи Папата, е присутна Исусовата радост која секогаш простува и помага. „Евангелието така мора да напредува, носено од јаганцата, кои ги испраќа Господ кој и самиот оди, во радоста“, нагласува Папата и предупредува:

„Млаки и тажни христијани не служат ниту на Господ, ниту на Црквата, нои екои така живеејчи и се жалат на сѐ,се тажни… Тоа не стил на Исусовите ученици. Свети Августин порачува на христијаните: „Оди, оди напред, пеј и оди!“ Радост: тоа е стилот на христијанинот. Да го навестува Евангелието со радост. Тогаш Господ прави сѐ. Од друга страна, премногу тага, претерана тага и горчина, нѐ доведува до тоа да живееме христијанство без Христа: крстот ги испразнува христијаните кои плачат пред светиот гроб, како Магдалена, но без радоста да се открие Воскреснатиот.“

Црквата денес нѐ повикува на размислување за светите Кирил и Методиј, да го преиспитаме „идентитетот на христијанинот“: христијаните се луѓе кои никогаш не мируваат, секогаш одат покрај тешкотиите; како јаганцата не се задоволуваат, чекорат напред во радоста. „Нека Господ по заговор на светите браќа, заштитници на Европа, ни подели милост да живееме како христијани кои одат како јаганца во радост“, заврши Папата.

РВ/м-р Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот