Светиот Престол: Вакцината треба да биде достапна за сите

Светиот Престол: Вакцината треба да биде достапна за сите

Во неколку излагања од нив на 47 заседавање на Советот на Обединетите нации, Постојаната мисија на Светиот Престол при Обединетите нации во Женева истакна ја истакна праведната распределба на вакцината и го осуди насилството над жените.

Заседавањето трае од 24 јуни до 13 јули, а Светиот Престол веќе апелира на меѓународна солидарност и го отвори прашањето за сеопфатно образование, приватност во дигиталниот свет и пружење заштита и поддршка на жените кои се жртви на насилство.

Како што истакна Постојаната мисија на Светиот Престол целокупната здравствена ситуација допринесе за ширење на т.н. вирус на индивидуализам заради што пазарните закони ги надминуваат законите на љубовта и човечкото здравје. По ова Светиот Престол ги повика државите и мултулатералните агенции нека заедно работат на откажување од интелектуалната сопственост за да загарантираат универзален пристап во лекувањето и вакцините против болеста Ковид-19.

Понатаму Ватикан порача дека насилството над жените е трагедија која претставува сериозно кршење на човековите права. Колку повеќе се промовира и се штити достоинството на жените – истакнато е, со тоа повеќе ќе биде заштитено семејството и заедницата. Постојаната мисија затоа одлучно го осудува таквите злосторства. Секое молчење за насилството направено над жените, секоја неказнивост на насилникот и нечувствителност или рамнодушност кон физичките или сексуалните злосторства е неприфатлива.

Од таа причина морална должност е да им се пружи на жртвите на насилството соодветна поддршка и заштита и да им се овозможи пристап до структурите кои пружат психосоцијална, медицинска, финансиска и правна помош. Во тој контекст треба да се потврди достоинството и правото започнувајќи од правото на живот, децата зачнати како резултат на сексуално насилство за да не станат колатерална жртва на гнасното насилство направено над жените.

Светиот Престол истакна исто така дека меѓународното право не го признава т.н. право на информации и услуги кои се однесуваат на сексуалното и репродуктивното здравје, а кои поддразбираат пристап до абортус и услуги за семејно планирање.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот