Надбискупот Галагер го прими министерот Димитров

Надбискупот Галагер го прими министерот Димитров

На 14 јули 2017 година Секретарот за односи со државите на Светиот Престол, надбискупот Пол Ричард Галагер го прими министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, придружуван од амбасадорот на Република Македонија во Светиот Престол, Ѕвонимир Јанкуловски.

На средбата станало збор за перспективите на билатералните односи, кои повеќе од две децении се одраз на пријателство, меѓусебна почит и нераскинливи историски врски, преку важни настани и личности. Во разговорот е потенциран доприносот и улогата на Република Македонија во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог, почитувањето на верските слободи, искуството и негувањето на разноликоста и соживотот.

На средбата е разгледана можноста двете земји да ја интензивираат соработката со цел да се внесе поголема динамика во меѓусебните односи, пред сè на полето на културата, размена на искуства во заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот