Епископите од Мјанмар бараат заштита на народот и хуманитарна помош

Епископите од Мјанмар бараат заштита на народот и хуманитарна помош

Епископите од Мјанмар и претседателот на Епископската конференција кардиналот Чарлс Бо, упатија потресен апел со кој бараат да се заштити животите на луѓето и истовремено предупредија на состојбата на илјадници луѓе кои умираат од глад и болест во џунглата, без соодветно засолниште, храна и чиста вода.

Епископите од Мјанмар и претседателот на Епископската конференција кардиналот Чарлс Бо, упатија потресен апел со кој бараат да се заштити животите на луѓето и истовремено предупредија на состојбата на илјадници луѓе кои умираат од глад и болест во џунглата, без соодветно засолниште, храна и чиста вода. Откако ги погоди црквите и манастирите каде раселените бараа засолниште од нападите на нивниот дом, војската која дојде на власт со државен удар на 1 февруари сега директно ја напаѓа хуманитарната помош наменета за оние кои се засолнети во џунглите, уништувајќи ја и палeјќи ја.

Гладот на невините лица е најболното искуство – напишаа епископите. Усрдно молиме да се дозволи воспоставување на хуманитарен коридор за да се дојде до гладното мноштво било каде да се наоѓа. Тие се наши државјани – истакнуваат епископите и потенцираат дека имаат основно право на храна и безбедност. Во пораката се повикува на почитување на црквите, пагодите, манастирите, џамиите, храмовите, вклучувајќи ги училиштата и болниците кои се признати како неутрални засолништа во текот на конфликтот помеѓу бурманската војна хунта и вооруженото крило на Националната напредна партија Карени која трае од почетокот на мај.

Бурманската воена хунта применува политика на четири пресечувања: пресечување на секој пристап до храна, комуникации, превоз и финансии, за населението да се доведе до последните граници на силите, кршејќи ги човековите права и нечовечки однесувајќи се кон недолжните луѓе. Цивилите се нападнати затоа што се обвинети за учесништво со силите на отпорот – извести католичката агенција за печат Фидес.

Не сме политичари, туку верски водачи и го придружуваме својот народ на патот кон човечкото достоинство – додаваат епископите од Мјанмар во својот апел упатен исто така до католичките бискупии во кои се поттикнува на молитва за мир, славење на свети Литургии и молитвата света Бројаница. Треба да се вложува во мирот, затоа што – пишуваат епископите, никој не победил во војната во таа земја која заслужува да стане дел од меѓународната заедници на народи, ставајќи го своето минато во историјата и вложувајќи во мирот.

Во земјата во која сега е сезоната на монсуни децата и старите лица се склони на болести и постои голема загриженост за нивното преживување. Четири месеци по државниот удар дојде до точка која означува „катастрофа за човековите права“ – изјави Мишеле Бечелет висок комесар на Обединетите нации за човекови права. Според нејзиното мислење во земјата е во пораст насилството за кои единствено се одговорни воените водачи. Според податоци на канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци после државниот удар на 1 февруари повеќе од 175.000 луѓе се раселиле во петте сојузни држави: Качин, Карен, Чин, Кавјах и Шан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот