Светиот Престол во ОН: Направете сѐ за мир во Украина и безбедност на цивилите

Светиот Престол во ОН: Направете сѐ за мир во Украина и безбедност на цивилите

Надбискупот Габриеле Качија, постојан набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации во Њујорк, на 18 јули 2023 година говореше на 88. сесија на Генералното собрание на која се разговараше за ситуацијата на привремено окупираните територии на Украина и го повтори поттикот на папата Фрањо да се направи се што е можно за да се стави крај на таа војна; нека продолжи да им се помага на прогонетите додека чекаат безбедно, доброволно и достоинствено враќање во своите домови.

Светиот Престол и понатаму е сериозно загрижен за крвавата војна во Украина – истакна надбискупот Габриеле Качија, постојан набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации во Њујорк, говорејќи на 18 јули на 88. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, за ситуацијата во привремено окупираните области на таа земја. Истовремено, тој уште еднаш апелираше за прекин на огнот и започнување преговори за праведен и траен мир.

Направете се што е можно за да заврши војната

Освен тоа, ватиканскиот дипломат го повтори поттикот на папата Фрањо, што го упати во својот пладневен говор на 2 октомври, до сите меѓународни протагонисти и политички лидери на народите да направат се што е можно за да се запре таа војна. Тој потсети на Папата и неговиот  говор пред делегацијата на Цариградската патријаршија на 30 јуни, и ја нарече актуелната војна во Украина вистинска катастрофа, како и сите други војни.

Неопходно е да се зголеми ангажираноста за спојување на семејствата

Надбискупот Качија ја изрази благодарноста на Светиот Престол до земјите кои ги примија и ги поддржаа бегалците, барајќи прогонетите да продолжат да добиваат хуманитарна поддршка додека не можат безбедно, доброволно и достоинствено да се вратат во своите домови. Светиот Престол охрабрува да не се штедат напорите за олеснување и побзо спојување на сите семејства разделени од актуелното насилство во Украина, внимавајќи да се почитуваат највисоките интереси на децата – истакна постојаниот набљудувач.

Меѓународната заедница нека работи за мир

Повторно цитирајќи го говорот на папата Фрањо од 30 јуни, надбискупот Качија додаде дека, соочени со таквите страдања, меѓународната заедница не смее да се помиро со војната, туку мора да работи заедно за мир. Во оваа смисла, тој ги спомена мисиите насочени на слушање и идентификување на хуманитарни гестови кои можат да поведат до патот за мир, што Папата му ги довери на кардиналот Матео Зупи.

Искористете ги сите дипломатски средства за да се обезбеди хуманитарна помош

Светиот Престол ги охрабрува сите страни да ги поддржат хуманитарните напори за да се ублажат страшните страдања предизвикани од оваа ненормална војна – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол и посочи дека е итно неопходно, како што рече папата Фрањо на 2 октомври минатата година, да ги искористиме сите дипломатски средства, вклучително и оние кои можеби не биле користени досега, за да се стави крај на оваа страшна трагедија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот