Франческа Ди Џовани именувана за потсекретарка во Оделот на Државниот секретаријат за односи со државите

Франческа Ди Џовани именувана за потсекретарка во Оделот на Државниот секретаријат за односи со државите

Во среда 15 јанауари 2020 година папата Фрањо ја именува италијанската правничка Франческа Ди Џовани за потсекретарка во Оделот на Државниот секретаријат за односи со државите, прв пат во историјата на ватиканскиот државен секретаријат.

За ова место е избрана Ди Џовани, која скоро 27 години работи во Секретаријатот и била надлежна за мултилатерални односи, а сега ѝ е доверена кординацијата на овој сложен сектор.

Досегашниот потсекретар Мирослав Ваховски останува на својата позиција, но во иднина ќе се занимава пред сè со билатералните односи. На чело на Оделот на Државниот секретаријата за односи со државите е британскиот надбискуп Паул Ричард Галагер.

Франческа Ди Џовани е рдоена 1953 година во Палермо, член на Маријанското Дело – движење на фоколарите. Во својата досегашна работа во Секретаријатот се занимавала пред сè со прашањата за миграцијата, меѓнародните човекови права, комуникациите, меѓународното приватно право, условите за живот на жените, интелектуалната сопственост и туризам.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот