Светиот Престол на конференција за обнова на Украина во Лугано

Светиот Престол на конференција за обнова на Украина во Лугано

Надбискупот Вачовски, потсекретар за односи со држави и меѓународни организации, на конференцијата во Лугано ја пренесе молитвата на Папата за мирна иднина во Украина, повикувајќи на посветеност на обновата на земјата разурната од војна.

На 30 мај, претседателот на Швајцарската конфедерација Игнацио Касис и претседателот на Украина Володимир Зеленски го поканија Светиот Престол да учествува на Конференцијата за обнова на Украина (Лугано, 4-5 јули). Надбискупот Мирослав Вачовски, потсекретар за односи со држави и меѓународни организации, ја предводеше делегацијата на Светиот Престол на настанот. Во делегацијата беше и Апостолскиот нунциј во Берн, надбискупот Мартин Кребс.

Надбискупот Вачовски во Лугано ги пренесе желбите и молитвите на Светиот Отец за посакуваната мирна иднина во украинската земја, со солидарност на сите, со милосрдие да се изгради она што таму е уништено од лудилото на војната. На конференцијата, на министерско ниво, присуствуваа повеќе од 40 земји, вклучително и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која потоа потпиша декларација со Луганските принципи за обнова на Украина, согласувајќи се на потребата од опсежни реформи за модернизација на земјата.

Во својот краток говор во Лугано, надбискупот Вачовски ја изрази надежта на Светиот Престол дека војната ќе заврши што е можно поскоро и дека заедничките напори на меѓународната заедница можат да доведат до надминување на сериозна хуманитарна криза и обнова на материјалното и духовното ткиво на општеството, со што стана силен знак на надеж за украинскиот народ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот