Во Богданци прославен патрониот празник на парохијата „Свети Кирил и Методиј“

Во Богданци прославен патрониот празник на парохијата „Свети Кирил и Методиј“

На празникот на светите браќа Кирил и Методиј, во недела, 24 мај 2026 година, во парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци беше отслужена света Литургија по повод патрониот празник на парохијата.

На светата Литургија сослужуваа парохот протојереј ставрофор отец Тома Ангелов, протојереј отец Гоце Костов и отец Ристо Самарџиски. Покрај верниот народ присуствуваа сестри Евхаристинки од Гевгелија.

На крајот од светата Литургија, парохот отец Тома Ангелов им ги пренесе на верниците поздравите и честитките од епископот Стојанов, честитајќи го патрониот празник на сите парохијани и присутни верници. По тој повод верниците испеаја многолетствие.

Прославата продолжи со благослов на празничните лебови, по што следуваше заедничко агапе во дворот на црквата. Кумови на овогодинешната прослава беа семејството на Златко Џишев.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот