Папата: Потребен ни е нов евангелизаторски занес

Папата: Потребен ни е нов евангелизаторски занес

Во говорот на екуменската средба во Женева, Папата истакна дека веродостојноста на Евангелието се наоѓа во одговорот на христијаните во крикот на најслабите и оние во потреба.

Како христијаните можат да евангелизираат ако меѓусебно се поделени? – праша папата Фрањо, обраќајќи се до учесниците на екуменската средба одржана во Екуменскиот центар во Женева. Она што навистина ни е потребно е нов евангелизаторски занес. Повикани сме да бидеме народ кој живее и ја споделува радоста на Евангелието, кој го слави Господ и им служи на браќата, со дух кој гори од желба да се отворат хоризонтите на изворедната добрина и убавина за оние кои сѐ уште ја немале милоста вистински да го запознаат Исус. Уверен сум дека ако се зголемува мисионрскиот поттик, ќе се зголеми и единството меѓу нас – истакна Папата.

Напоменувајќи дека сака лично да учествува на прославата за годишнината на Советот на екуменските цркви исто така за да го истакна ангажирањето на Католичката Црква во екуменизмот, и да ја охрабри соработката со Црквите членки на советот, како и со екуменските партнери, Папата посебно се осврна на мотото на тоа апостолско патување кое гласи „Оди – Моли – Заедно работи“.

Треба да одиме кон влезот и кон излезот – напомена Светиот Отец. Кон влезот за секогаш да бидеме насочени кон центарот, за да се препознаеме како прачката која е накамелемена само на една лоза. Нема да донесеме плод ако взаемно не си помогнеме да останеме соединети со Него. Меѓутоа треба да одиме и кон излезот – рече – кон денешните многубројни животни периферии, заедно да му ја донесеме на човештвото кое страда оздравувачката милост на Евангелието – истакна Папата.

Потоа треба да молиме. И во молитвата како и во одењето не можеме да одиме напред сами затоа што Божјата милост хармонично се шири меѓу верници кои се сакаат. Молитвата е кислород за екуменизмот – истакна папата Фрањо и поттикна да се запрашаме колку се молиме едни за други.

Збрувајќи на крајот за заедничката работа, Папата пред сѐ ја истакна големата важност на работата на Комисијата „Вера и конституција“ и напомена дека истражувањето на таа комисија со цел заедничко гледање на Црквата, како и нејзината работа за расудувањето за моралните и етичките проблеми ги допираат чувствителните точки на екуменскиот предизвик. Папата меѓу останатото посебно ја пофали премногу потребната улога на Екуменскиот институт во Босеј во екуменското образование на младите генерации за одговорни и академски работници во бројните Цркви и христијански вероисповеди во целиот свет. Католичката Црква веќе со години соработува во таа образовна работа со присуството на еден католички професор – рече Светиот Отец.

Разноликата и интензивна служба на Црквата членка на Советото има свој израз во Ходочастието за праведност и мир – напомена Папата и објанси – Веродостојноста на Евангелието е ставена на искушение со начинот на кој христијаните одговараат на крикот на оние кои на сите краишта на светот неправедно се жртви на се поголемо исклучување, кои создавајќи се сиромаштво се поттикнуваат конфликти. Слабите сѐ повеќе се маргинализирани, без леб работа и иднина, додека богатите се помалку и сѐ повеќе се богати. Да се почувствуваме повикани од плачот на оние кои страдаат и да почувствуваме сочувство затоа што „програмата на христијанинот е срце кое гледа“ – истакна папата Фрањо наведувајќи ги зборовите на папата emeritusa Бенедикт XVI, од енцикликата Deus caritas est.

Да погледнеме што конкретно е можно да направиме, да не се обесхрабруваме со она што не е можно – поттикна Папата и додаде: Да ги погледнеме исто така бројните наши браќа и сестри кои на разни страни на светот, посебно на Блискиот Исток страдаат заради тоа што се христијани. Да им бидеме во близина. И да се сетиме на нашето екуменско одење му претходи и нѐ придружува веќе остварениот екуменизам, екуменизмот на крвта кој нѐ поттикнува да одиме напред.

Да се охрабриме за да го надминеме искушението на апсолутизирање на одредени културни образци и да нѐ не обземаат личните интереси – поттикна Папата. Да им помогнеме на луѓето со добра волја да дадат повеќе простор на ситуациите и настаните кои се однесуваат во голем дел на човечкиот род, но кои заземаат неважно место во големите информации. Не можме да не се грижиме за тоа, и треба да се загрижиме кога гледаме некои христијани кои се рамнодушни кон оние во потреба – поттикна папата Фрањо и на крајот поттикна на взаемна помош во одењето, молитвата и заедничката работа за со Божја помош единството да напредува и светот да поверува.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот