Надбискупот Пицабала: Недостатокот на поклоници во Светата Земја не може да ја згасне надежта

Надбискупот Пицабала: Недостатокот на поклоници во Светата Земја не може да ја згасне надежта

Надбискупот Пјербатиста Пицабала Апостолски администратор на Латинскиот ерусалимски патријархат, го прикажа расположението на Црквите ангажирани со молитва и милосрдие во поддршката на илјадници семејства кои заради пандемијата се најдоа во криза. „Ние сме земја во која Исус воскресна, затоа токму ние треба да го сочуваме воскресното гледање на живтот, кој го прави крстот, но и воскресението.“

Поклоненија во Светата Земја речиси воопшто нема – истакна надбискупот Пјербатиста Пицабала апостолски администратор на Латинскиот ерусалимски патријархат и со тага објасни дека кризата која ја поттикна пандемијата сè уште го оневозможува доаѓањето на поклоници и тоа – како што рече, пред сè затоа што границите сè уште се затворени. Освен тоа, голем дел од земјите со кои сè уште постојат врски бараат карантин, а тоа е обесхрабрување за поклониците. На тоа треба да се додаде фактот дека во последите недела дена во Израел и Палестина е воочен многу силен бран на заразата и тоа навистина внесе страв.

Верата на тие свети места во големо искушение ја става и фактот дека во голем број случаи свештениците сè уште се принудени да ги пренесуваат литургиските славења преку интернет и да се среќаваат со верниците само преку социјалните мрежи. Меѓутоа, тоа не ја ослабува молитвата – рече надбискупот Пицабала. Ние сме на Исток, а на Исток постои традиционална Црква – во убава смисла на зборот, каде учествувањето на света Литургија е многу силно. Еден од проблемите на тамошните семејства е тоа што не можат да учествуваат на свети Литургии или можат да учествуваат со ограничувања.

Во Светата Земја до сега се ракоположени 11 свештници и 18 ѓакони и тоа е знак на оптимизам за иднината. И покрај сите напори и поделби, па и политичките, Господ нè благословува со звања, и за тоа му благодариме – истакна Апостослкиот администратор на Латинскиот ерусалимски патријархат.

Сериозноста на вирусот погоди илјадници семејства во Светата Земја кои веќе со месеци немаат работа, посебно во најсиромашните делови како што се Палестина и Јордан. Меѓутоа Црквата не се повлекува – напомена, туку покрена механизам кој конкретно овозможува задоволување на потребите на луѓето. Тоа го правиме со помош на голем број институции преку кои пружиме помош на семејствата кои остануваат без ништо и се на работ на сиромаштвото. Поттикнавме помош во исхраната и поддршка на подрачјето на образованието и здравството. Тоа е најмногу што можеме да го направиме во овој момент – рече на крајот надбискупот Пицабала.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот