Кардинал Зупи во Кина: Соработка за мир и обезбедување на храна

Кардинал Зупи во Кина: Соработка за мир и обезбедување на храна

Папата Фрањо го испрати Кардинал Зупи во мировна мисија која започна во Украина, а продолжи во Русија и САД, беше примен во Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина од претставникот за евроазиски прашања Ли Хуи. Светиот Престол ја потврди потребата да се здружат напорите за промовирање на дијалогот.

Кардиналот Матео Марија Зупи е во Пекинг, испратен од папата Фрањо во мировна мисија за ставање крај на војната во Украина, а за време на мисијата кардиналот ги посети Киев, Москва и Вашингтон во јуни и јули. Во соопштението за печатот од Светиот Престол се наведува дека кардиналот бил примен во кинеската престолнина во Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина од Ли Хуи, специјален претставник за евроазиски прашања.

Во ватиканското соопштение објавено во четврток 14 септември 2023 година се вели дека разговорот „се одржал во отворена и пријателска атмосфера“ и се фокусирал на војната во Украина и нејзините драматични последици, нагласувајќи ја потребата да се здружат силите за промовирање на дијалогот и изнаоѓање патишта за мир.

Се осврна и на проблемот со храната, со желба наскоро да се гарантира извозот на житарици, посебно во земјите кои се најзагрозени.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот