Феминистки нападнаа архиепископ

Брисел, 26.4.2013 /к.мк/ – Архиепископот на Мехелен и Брисел Андре Јозеф Леонард во среда 25 април, додека одржуваше предавање на тема борба против абортус на Универзитетот во Брисел, одеднаш, на предавањето влетале активистки од Фемена, феминистичка група чии членови сите свои „акции“ ги спроведуваат голи и така го привлекуваат вниманието на медиумите. Активистките го полевале белгискиот архиепископ со вода и викале на него, а подоцна појаснето е дека причината за нивниот протест е „хомофобија и лицемерието на Црквата.“

Архиепископот за целото тоа време овие бесмислени провокации мирно ги следел на својот стол додека активистките бесно врескале на него поливајќи го со вода. Откакко се отстранети од обезбедувањето, архиепископот Леонард со смирен глас го довршил предавањето. Откако завршил, станал и ги бакнал пластичните шишиња во облик на Пресвета Богородица Лурдска, кои активистките ги користеле за да го поливаат.

Во соопштението на Епископската конференција на Белгија се изразува „солидарност со братот архиепископ“ и потсетува дека „демократска дебата за прашања од општетсвен карактер е возможна, само доколку кон секој се однесува со почит и се дозволи на секој да го искаже слободно своето мислење. Однесувањето на Фемен активистките нема кредибилитет и има недостаток на граѓанско размислување. Ова однесување не само што е во спротивност со темата за дискусија, туку е во спротивност и начинот за дијалог на Црквата во едно плуралистичко опкружување“, се вели во соопштението.

Станува збор за уште еден напад на Католичката Црква и христијанството, од таков вид на активистки какви што настанале во Украина кои ги има често во последно време. Фемен е „познат“ и по тоа што неговите припадници еднаш со моторна пила срушиле крст во близина на Киев во знак на протест против затварањето на протестен пункт на групата Пуси Риот во Русија. Тој крст таму бил поставен во 2005 година во спомен на жртви на сталинистичкиот терор и нивниот потфат бил жестоко критикуван. Општо, таа активистичка група има се помалку подршка и меѓу феминистичките кругови, посебно откако е објавено дека нејзините активистки за своите провокации добиваат хонорар за кој голем број жени во Украина за чии права наводно се борат, можат само да го сонуваат. Сепак насилното однесување на овие феминистки е доказ за тоа кој е хомофоб и кој е лицемерен. Кој дозволува дебата, а кој спречува, кој употребува насилство и навреди….

 Д.И.+го*ко

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<