Страв од уроци!?

Кај многу луѓе, меѓу кои има и христијани, владее страв од урок. Колку овој страв е оправдан и како треба верникот да се однесува кон лицата за кои знае дека се занимават со уроци?

Најпрво да кажеме нешто за уроците (магијата) кои за жал, постојат, односно постојат лица кои се занимават со уроци, со желба да наштетат на другите. Уроците спаѓаат во обредите на црната магија со која се повикуват зли сили да наштетат на некое лице, семејство, стока, предмети, итн. Познатиот католички егзорцист о. Габриел Амор нагласува дека уроците спаѓат во најчестите средства со кои сака да се остварат ѓаволските злодела. Амор ги дели уроците на оние кои делуваат директно (преку храна или пијалок во кој се помешани урочените состојки), индиректни (преку предмети кои припаѓат на лицето на која сака да се наштети) или со поврзување (преку некој материјал како преносител на злобните дејствија).

Дали треба да се стравува од урок? Треба да се плашиме толку колку што треба да се плашиме од сотоната. Имено, кај уроците исто така се работи за делување на злите (демонските) сили. Сотоната (ѓаволот) спрема зборовите на нашиот Господ е лажливец и убиец од почетокот. И без уроци знаеме дека ѓаволот со сите сили сака да ни наштети. Треба ли да се плашиме од него? Свети Августин вели дека сотоната е како куче врзано со ланец: лае, но не може да гриза. Подобро кажано: може ако човекот своеволно му се приближи. Пред сите уроци и пред сите сили на пеколот најдобра одбрана е да се живее во состојба на милост, односно да се живее без смртен грев. Ако сме во состојба на милост, односно ако во нас е Господ Бог, може да нè напаѓат сите пеколни сили, но нема да ни можат ништо, зошто Оној кој е во нас е посилен од пеколот. Свети Иван Златоуст рекол дека христијанинот кога се враќа од светата причест, на ѓаволот му изгледа како змеј кој исфрла оган, па сотоната бега од него зашто се плаши. Се плаши имено од Оној кој е во душата на христијанинот. Тоа беше искуство на света Терезија Авилска и на многу други светци.

Но кога личноста ќе направи смртен грев и продолжува да живее во состојба на смртен грев, тогаш своеволно ги отвара вратите за сотоната на својот внатрешен свет. Да се живее во смртен грев, е првиот предуслов урокот да може да дејствува. Силата на урокот, и општо на црната маѓија, ограничена е на оние над кои веќе се наоѓа проклетството на животот во состојба на одвоеност од Бога по смртниот грев. Кога над тие лица ќе се изврши обред на урочување или црна магија, тогаш само видливо се покажува она што веќе постои, т.е. пристуноста на злото во животот на лицето кое по смртниот грев е одвоена од Бога, изворот на благословите и животот. Одредени феномени (непознати гласови, чудни звуци, несреќи, итн.) само се показател дека на духовниот план нешто не е во ред.

Може ли со урок да се наштети на лице кое не е во смртен грев? На пример, на мало дете или возрасно лице? Дали урокот ќе наштети на лице кое е без смртен грев ако испие или изеде нешто урочено? Зависи! Кога станува збор за мало дете, се чини дека верата е пресудна, односно верскиот живот на родителите. Ако малото дете изеде или испие нешто урочено, доволна е кратка молитва со благослов за да ги отстрани потешкотиите. Кај возрасните лица работата е поделикатна. Да не се биде во смртен грев не значи тоа лице да има зрел духовен живот. На пример, кога грешникот искрено ќе се исповеди, простени му се сите гревови и се наоѓа во состојба на милост, но неговиот духовен живот е многу слаб и е подложен на напади. Потребно да е да се зајакне со редовен светотаински живот, односно со света причест, редовна молитва и покора. Дури после подолго време поминато во состојба на милост, лицето станува силно пред нападите на злото, на начин полесно да ги совладува искушенијата.

Што ако некој чуствува дека над него е некој урок, како да го отстрани? Потребно е најпрво да се утврди на кој начин делува урокот и низ која „врата“ можел да дојде. Затоа:

  1. најпрво треба да се направи одрекнување од сите облици на злото, окултизмот и смртниот грев;
  2. да се направи добра исповед и често да се пристапува на света Литургија, односно да се причестува;
  3. од сè срце да се прости на лицето за која се смета дека нанела зло;
  4. да се обиде да се пронајдат предметите преку кои делува урокот. Ако се откријат, да се попрскат со благословена вода и да се изгорат на отворено со изговарање на молитва. Рацете да се измијат во благословена вода;
  5. во случај на невообичаени болки во желудникот предизвикани од конзумирање на храна или пијалок во кои имало помешано уроци, лицето треба да пие егзорцирана вода или да зема зрнца егзорцирана сол. Не смее да оди кај гледачи или гатачи, туку треба да се обрати кај свештеник.

Преземено од : битнонет/Превод : И.П.

(Од книгата: „Вера во прашања“ од др. дон Младен Парлов)

 

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<