Проповед на Н.В.П. Киро Стојанов по повод осветувањето на црквата Свети Иван Крстител – Струмица

Драги браќа и сестри,

Восхитени и исполнети со радост заради посветата на овој Храм би можеле да воскликнеме денес до Господа Бога со воскреснатиот фалоспев: „Нека воскликне и нека се радува светата Мајка Црква со такво и толкаво торжество“.

Навистина се радуваме и благодариме на Бога што ни подели милост да учествуваме на еден од најсвечените обреди во нашата Црква, а тоа е посвета на нова Црква. Некој, таков настан доживува само еднаш во животот. Ние го дочекавме тој настан и сведоци сме на убавината на тој чин преку кој делото на човечките раце е награден со преносот на Бога кој со овој чин влезе во имотот на новиот Храм. Големиот филозоф Аристотел, како доказ на Божјиот опстанок рекол отприлика вака: „ќе најдеш град без утврдување, град без јавни служби но нема да најдеш град без Храм“. Во сите религии храмот означува посебна зграда која припаѓа на Бога и која е место на почитување на Бога. За паганските религии пред сè грчките и римските, храмот бил знак на Божјиот престој, но не и знак на средбата помеѓу Бога и човекот. Во Стариот завет среќаваме интензивно дружење на Бога со својот народ. Тој се објавува на Авраам, Исак и Јаков, конечно се објавува на Мојсие кој го избавува народот од ропство со чудесни знаци каде е видлива трајната Божја присутност со народот, да се присетиме на огнениот столб преку ноќта или облакот преку денот. Бог со својот народ, Емануел – Бог со нас. Кога ветениот народ конечно ја окупира ветената земја Самуил го подигнува првиот ракотворен Храм во чест на единствениот и вистински Бог – Бог Јахве. Во тој Храм – кој спаѓа во еден од седумте чуда на светот Бог се објавува на видлив начин. Често се појавува во светлина или во облак. Но за разлика од сите други објекти секој возрасен Израелец бил должен да се поклони на Бога повеќе пати во годината. Тоа е место за средба на човекот со Бога и Бог со човекот. Разбирливо Израелците на тој Храм биле љубоморни и дека Храмот за нив претставувал слава и гордост. За жал на тоа место на средби со Бога се случувале и многу банални човечки работи како што е профитот, трговијата, осквернувањето на светото место. Тој Храм три пати е разорен и повторно изграден.

Во евангелието среќаваме една голема новост: Исус заземајќи се за светоста на Храмот ги истерува од посветениот простор трговците и сè што не е достојно за тоа место. На прашање со која власт го прави тоа и на прашање дали е Тој Месија, одговара јасно: „урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам“ (Ив 2,19). Евангелистот вели: „Тој говореше за храмот на Своето тело“. Кога внимателно ги читаме книгите на Мудроста од Стариот завет тогаш често среќаваме реченица: “удобно ми е да престојувам во срцата на луѓето“ говори Господ Бог. Всушност, создавајќи го човекот како Свој престој го избра човечкото срце – душа. На Бог му е најмило да престојува во човекот, бидејќи човекот го создаде според Својата вера. Секој Храм што е подигнат од човечките раце само е човечко дело. А секој човек кој е создаден е Божјо дело. Пред сè нашата бесмртна душа. Разбирливо е тогаш дека Бог на тој храм е љубоморен, бидејќи човекот е место на Божјиот престој и средбата на Бога и човекот се случува во срцето. Во прочитаниот текст од посланието до Евреите го гледаме фактот дека секогаш е поголем посветителот од тоа што се посветува. Христос е новиот Божји и вечен храм каде во човекот дословно се настани Бог, бидејќи „Словото стана тело и пребиваше меѓу нас“. Тој Храм – Христос, е разорен со насилна смрт на крстот но со воскресението повторно е воздигнат како нов и неуништлив. Според крштението и останатите свети тајни, ние станавме нов Божји Храм – воскреснат Христос. Според тие свети тајни учествуваме и живееме во Христовиот живот кој е живот на милоста, светоста и вистината.

Зошто тогаш овој храм со толку големи напори и жртви е подигнат? Дали на Бога му е мил? Да, драги браќа и сестри, милината на овој Храм сте вие. За нас како нов Божји народ – Црква, ни треба место каде ќе се среќаваме со Бога едни со други славејќи ги БОЖЕСТВЕНИТЕ ТАИНСТВА. Според тие таинства овој Храм станува наша Мајка, наша Учителка, наша Утешителка и наше прибежиште. Се додека во овој Храм ќе стои олтар и гори вечно светло ќе знаеме дека Бог е со нас и присутен е меѓу нас и во нас. Влегувајќи во оваа посветено место ќе се најдеме во непосредна Божја близина и тоа со духот, а не само физички или телесно. Затоа ве потсетувам да се биде во Црквата, во Храмот, не значи да се биде присутен само телесно, туку пред сè да биде присутен целиот човек собран и духовно. Оваа место е свето кое го посвети Бог. Посветата која пред малку ја извршивме не е само обред туку наш дар на Бога, а Тој – Бог, тој дар го прими. Што значи, овој Храм, оваа наша Црква од сега натаму припаѓа Нему. Таа стана знак, но и голем повик. Повик до сите нас и потсетување дека како заедница сме реално најповеќе овде дома, каде сме како Божјо семејство едно срце и една душа со нашиот Бог. Овде го слушам Неговото Слово, овде се причестувам со Неговото Тело. Овде се препородуваме во Светиот Дух и овде ги оставаме своите благодарности, молитви, молби, крстови со еден збор сето тоа што сакаме да го поделиме со Бога.

Нека, оваа наша нова Црква посветена на Божјата слава и во чест на свети Иван Крстител биде место во која често ќе ги слушнеме Ивановите зборови: „Еве го Јагнето Божјо, еве го Оној кој ги зема гревовите на светот“. Уште поголема радост ако го слушнеме гласот на Небесниот Отец: „Овој е Мојот возљубен Син, во кого е сета Моја милина!“ Знаете ли што значи да се биде мил на Бога, Божја милина? Тоа значи да се живее во Божјата волја. Исус е најголемата Божја милина, бидејќи до крај ја изврши Божјата волја. И ние сме повикани да во оваа Црква посветена во чест на свети Иван Крстител направиме да бидеме Божја милина. Со тие мисли ја предавам ова Црква, овој Божји храм, вам драги верници, со една единствена желба: овде да се собира заедница која ќе биде мила на Бога, заедница која ќе ја извршува Божјата волја, заедница која ќе моли и која ќе го слави Бога. Амин.

За авторот