Кардинал Пуљиќ ќе ја посети Црквата во Македонија

Кардинал Пуљиќ ќе ја посети Црквата во Македонија

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов ќе биде домаќин на надбискупот и митрополит Врхбосанки, кардинал Винко Пуљиќ, кој ќе престојува во Македонија од 17 до 20 ноември 2017 година.

За време на неговата пасторална посета на Црквата во Македонија, кардиналот Пуљиќ во сабота 18 ноември ќе го посети Македонски Каритас, ќе се сретне со богопосветените лица од Македонија, а вечерта во 18.00 часот ќе служи света Литургија во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. После Литургијата во катедралата кардинал Пуљиќ ќе оствари средба со верниците.

Во недела 19 ноември кардиналот Пуљиќ ќе служи света Литургија во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Битола, а потоа ќе го посети археолошкиот локалитет Хераклеја.

За понеделник 20 ноември е предвидено кардинал Пуљиќ да оствари средби со претставниците на државната власт и претставници на верските заедници. Истиот ден кардинал Пуљиќ ќе се сретне со корисниците на народната кујна на Сестрите Мисионерки на љубовта.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот