Размислувања во Великиот Пост – „Со Богородица под крстот“

Размислувања во Великиот Пост – „Со Богородица под крстот“

Радио Марија известува дека од Чист Понеделник, 27 февруари 2023 година, започнува со секојдневни размислувања во време на Великиот пост. Размислувањата може да се добиваат и преку Вибер апликацијата доколку пристапите на бесплатниот Вибер канал „Со Богородица под Крстот“ или со скенирање на кодот со Вибер апликацијата.

Размислувањата ќе бидат насочени кон страдањето на нашиот Господ Исус Христос и неговата неизмерна љубов, која ја покажа кон нас, а во придружба на Неговата Пресвета Мајка.

Од Радио Марија повикуваат Вибер каналот „Со Богородица под Крстот“ да се препорача и на други луѓе кои се заинтересирани за таинствата на Божјата љубов, а се со цел да се богатиме во Христа со помош на Неговата Пресвета Мајка – стои во објавата на Радио Марија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот