Да се надминуваат предрасудите во лекувањето на болните

Да се надминуваат предрасудите во лекувањето на болните

Пред проблемот со човечкото страдање потребно е да се знае да се поврзат личностите и институциите надминувајќи ги предрасудите – рече папата Фрањо на средбата со учесниците на Меѓународната конференција во организација на Папскиот совет за култура.

Кога ќе видам претставници од различни култури, општества и религии кои ги обединиле своите сили, се обидуваат заеднички да размислуваат и да се ангажираат во корист на оние кои страдаат, се радувам затоа што човечката личност е место на средба и место за единство – рече папата Фрањо, на 28 април 2018 година на средбата со учесниците на Меѓународната конференција во организација на Папскиот совет за култура.

Всушност пред проблемот со човечкото страдање потребно е да се знае да се поврзат личностите и институциите надминувајќи ги предрасудите, за да се негува грижата и напорот на сите во корист на болните луѓе.

На сите ватикански институции кои во соработка со спомнатиот Совет ја организираа таа конференција, Папата им се заблагодари и истакна: Проблематиката на конференцијата може да се резимира во четири поими: спречи, обнови, лекувај и подготвувај за иднината. Сѐ повеќе сме свесни за фактот дека многу зла можат да се избегнат кога би било поголемо вниманието на начинот на животот кој го прифаќаме и на културата која ја промовираме. Да се спречи значи да се има далекусежен поглед насочен на луѓето и на околината во која живееме. Тоа значи да мислиме на културата на рамнотежа во која сите важни фактори – образование, физичката активност, диета, заштита на животната средина, почитувањето на правилата за здравје кои произлегуваат од верските практики, и други – можат да помогнат подобро да се живее и со помалку опасности за здравјето.

Тоа особено е важно кога мислиме на децата и младите кои сѐ повеќе се изложени на ризиците од болестите поврзани со радикалните промени на модерната цивилизација – рече Светиот Отец и продолжи: Доволно е да погледнеме на влијанието кое го имаат на здравјето на човекот пушењето, алкохолот или токсичните честички кои се испуштаат во воздухот, во водата и на земјата. Високиот процент на тумор и другите здравствени проблеми на возрасните можат да се избегнат по пат на превентивни мерки кои се усвојуваат во детството. Меѓутоа, тоа бара глобално и постојано делување кое не може да биде доверено на општетсвените и државните институции, туку бара заземање на сите. Затоа, итно е потребно да се рашири најголемата чувствителност меѓу сите за културата на превенција како прв чекор за заштита на здравјето.

Освен тоа мораме да го истакнеме големиот напор на научно истражување насочено кон откритието и ширењето на новите облици на лекување посебно кога се работи за деликатниот проблем на ретки болести, автоимуни, невродегенеративни и многу други – нагласи папата Фрањо и рече: Последните години напредок во истражувањето на клетките и на подрачјето на регенеративната медицина, овозможи постигнување на нови цели во техниката за поправање на ткивата и експерименталната терапија, отворајќи важно поглавје во научниот и човечкиот напредок кој на вашиот конгрес беше резимиран во два поими: поправи и лекувај. Повеќе ќе биде раширена нашата ангажираност за истажувањето колку тие две димензии ќе станат важни и ефикасни, овозможувајќи да се одговори на соодветен начин кој е појасен и поприлагоден на потребите на болните луѓе.

Науката е моќно средство за подобро да се сфати и природата која нè опкружува и човечкото здравје – рече Папата. Нашето знаење напредува и со нив се зголемуваат средствата и прецизирањето на технологијата кои овозможуваат не само набљудување на најинтимните структури на живите организми, вклучувајќи ги и луѓето, туку токму можноста да се зафат во нив на толку длабок и прецизен начин сѐ до таму што е можно да се промени самата наша ДНК. Во тој контекст темелно е да се зголеми нашата свест за етичката одговорност во однос на човештвото и околината во која живееме.

Иако Црквата го признава секој напор на истражување и примена насочен на лекување на човек кој страда, потсетува исто така дека треба да се почитува основнот начело дека сè што е технички возможно и изводливо воедно и етички прифатливо – предупреди Светиот Отец и протолкува: Науката како секоја друга човечка активност знае да има ограничувања кои мора да се почитуваат заради доброто на самото човештво, и потребата за смислата на етичката одговорност. Вистинската мерка за напредок, како што потсетува блажен Павле VI е она која размислува за доброто на сите луѓе и на целиот човек.

Ако сакаме да подготвиме иднина обезбедувајќи го доброто на секоја човечка личност мораме да делуваме толку почувствително, колку што средствата што ни се на располагање ни стануваат помоќни – нагласи папата Фрањо и поттикна: Тоа е нашата одговорност кон другите и кон сите луѓе. Всушност, треба да се размислува за здравјето на човекот во поширок контекст, набљудувајќи го не само во однос на научното истражување, туку и во однос на нашата способност за сочувување и заштита на животната средина и на потребата за размислување за сите особено за оние кои живеат во општествени и културни неволји кои ја прават оскудна здравствената состојба и пристапот до лекување.

Да се мисли на иднината значи да се преземе патот кој е означен со двојно делување – нагласи Папата и објасни: Прво тој е закотвен во интердисциплинарното отворено размислување кое вклучува разни стручњаци и институции, и овозможува взаемна размена на знаења; второто е составено од конкретни потфати во корист на оние кои страдаат. Двете делувања мора да се усогласуаат и да ги поврзуваат своите напори и идеи, и да бидат способни да вклучат различни заедници: научници и лекари, пациенти, семејствата, стручњаците за етика и култура, верските водачи, филантропите, претставници на владите и работниот свет.

Посебно ми е мило што тој процес веќе е во тек и дека таа иницијатива на ниво на идеа веќе обединува многумина за доброто на сите – рече Светиот Отец и заврши: Ве поттикнува смело и одлучно да ги негувате идеалите кои вас ве собраа и кои веќе му припаѓаат на вашето академско и културно одење.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот