Повик на Папата за Јемен: Да се молиме за децата

Повик на Папата за Јемен: Да се молиме за децата

По молитва Ангел Господов во недела 3 февруари 2019 година, папата Фрањо изрази голема загриженост за „хуманитарната криза во Јемен, каде населението е исцрпено од долгиот конфликт, а многу деца страдаат од глад”.

„Со голема загриженост ја следам хуманитарната криза во Јемен. Населението е исцрпено од долгиот конфликт и многу деца страдаат од глад и нема пристап за достава на храна. Браќа и сестри, викотот на овие деца и нивните родители се издига пред Бога. Повикувам заинтересираните страни и меѓународната заедница итно да поттикнат почитување на постигнатите договори, да обезбедат дистрибуција на храна и да работат за доброто на населението. Ве повикувам сите да се молите за нашите браќа во Јемен. Усрдно да се молиме затоа што тие деца се лишени од храна и вода, а немаат лекови и се преплашени од смрт. Со овие мисли да се вратиме дома”.

Папата исто така се спомна и на „Денот за живот“, кој се слави во Италија оваа недела под мотот „Животот е иднина“ – рече папата Фрањо и продолжи: Се придружувам на пораката од италијанските епископи и ги охрабрувам црковните заедници кои на многу начини го промовираат и подржуваат животот. Многу е потребна вашата конкретна ангажираност како би се потикнало раѓањето, вклучување на установите и различните културни и општествени реалности, препознавајќи го семејството како крило која го раѓа општеството.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот