Папата Фрањо жали за културата на фрлање и депопулацијата во Италија

Папата Фрањо жали за културата на фрлање и депопулацијата во Италија

Во саботата наутро, на 20 јануари 2024 година, папата Фрањо се сретна со членови на италијанската Асоцијација за супсидијарност и модернизација на локалните тела, која ги поддржува малите општини во неразвиените општини на Италија

Римскиот бискуп ја нагласи потребата од иновативните општествени практики кои откриваат форми на взаемност и кои се грижаат за заедничкиот дом и да бидат препознаени и поддржани, поттикнувајќи алтернативна парадигма во денешната култура на фрлање. Маргинализираните области на општеството, рече тој, можат да станат лаборатории на социјални иновации кои нудат нови можности таму каде што другите гледаат само ограничувања или ресурси што ги сметаат за отпад.

Папата Фрањо истакна дека областите каде што делува здружението често се запоставени од централните власти, поради финансиските ограничувања, што само придонесува за продлабочување на социјалните и економските нееднаквости меѓу посиромашните и побогатите делови на земјата. Овде – рече Папата, гледаме конкретен пример на културата на отпад, каде се фрла сѐ што не е корисно за профит. Така започнува еден маѓепсан круг, бидејќи недостатокот на можности го принудува најпретприемничкиот дел од населението да ги напушти своите локални места, со што овие запоставени територии се повеќе се оставаат сами да се снаоѓаат.

Светиот Отец исто така го сврте вниманието и на прогресивната депопулација на овие простори и на отежнатата грижа за нивното богато природно наследство, што ги наведува да бидат изложени на елементарни непогоди кои сега стануваат се почести поради екстремните временски услови. Заблагодарувајќи им се на членовите за нивната посветеност да го заштитат достоинството на луѓето и да се грижат за нашиот заеднички дом, тој истакна две стратегии за кои се залага здружението: поблиска соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, а особено социјалниот приватен сектор кој, како што рече Папата, нуди употреба на нови технологии, вклучително и вештачка интелигенција.

На крајот, тој изрази загриженост за демографската криза или како што ја нарече културата на депопулација со која се соочуваат Италија и други европски земји. Треба сериозно да го сфатиме проблемот со раѓањето, бидејќи иднината на земјата е во прашање, заклучи папата Фрањо.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот