Фудбалски натпревар за промовирање на меѓурелигискиот дијалог

Замислата настана во април кога Папата на поранешниот аргентински играч Хавиер Занети му ја изнесе идеата за фудбалски натпревар помеѓу припадници на различни религии со цел промовирање на дијалогот.

Меѓународните ѕвезди како Лионел Меси, Зинедин Зидан., Нагатамо и други ќе учествуваат на 1 септември на „меѓурелигиски фудбалски напревар“ во Рим. Иницијата потекнува од средбата на италјански и аргентински фудбалери со папата Фрањо во април 2013 година во Ватикан како што на 23 јули извести Ватиканската информативна служба ВИС. Во таа прилика Папата на поранешниот аргентински играч Хавиер Занети му ја изнесе идејата за фудбалски натпревар помеѓу припадници на различни религии со цел промовирање на дијалогот.

Средствата собрани од продажбата на влезниците на натпреварот кој ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Рим во целост ќе бидат наменети за каритативни цели. Организатори се каритативно здружение која го ја помага Папската академија на науките и фондацијата Занети.

Битно нет/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот