Папата Фрањо на Духовден ќе ја слави Литургијата во капелата на Пресветата Олтарска Тајна

 Папата Фрањо на Духовден ќе ја слави Литургијата во капелата на Пресветата Олтарска Тајна

На празникот Духовден во недела, 31 мај во 10.00 часот папата Фрањо ќе служи света Литургија во капелата на Пресветата Олтарска Тајна во базиликата на Свети Петар.

На Литургијата нема да бидат присутни верниците. После Литургијата, во 12.00 часот Светиот Отец ќе ја предводи молитвата Царице небесна од прозорецот на својата работна соба. Верниците ќе можат да се придружат на Плоштадот Свети Петар со почитување на мерките за заштита од коронавирусот. Тоа ќе биде прво обраќање на Светиот Отец од прозорецот на неговата работна соба после олабавување на мерките за заштита.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот