Порака на Папата за Синодата на Сојузот на Методистичките и Валденшките цркви

Од 24 до 29 овој месец во општината Торе Пеличе во покраината Торино, се одржува синода на Методистичките и Валденшките Цркви. По тој повод, Светиот Отец на учесниците на синодата им упати порака која што ја потпиша Државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин, а пораката е прочитана на првиот ден, 24 август на прелиминарното заседание, а ја прочита пасторот Еугенио Бернардини. Пасторот исто така истакна дека – како и сите останати христијански цркви во Европа – и Сојузот на Методистичките и Валденшките цркви треба да се соочи со новоста на сведочењето на континентот (Европа) кој се менува и кој е изложен на влијанието на секуларизацијата и културните промени; континентот кој се наоѓа во тешкотии и кризи.

Кардиналот Паролин на потпишаната порака го додаде и братскиот поздрав на папата Фрањо со кој на учесниците ги уверува за својата духовна близина и го моли Господ на сите христијани да им даде да можат да го продолжат патот до потполното единство, да го сведочат Исус Христос и на луѓето на нашето време да му го понудат светлото и силата на Неговото Евангелие.

Во центарот на заседанието е Посланието во времето на криза кое е едно од главните но не и единствена тема на заседанието на синодата. На списокот на теми се наоѓа и формацијата на младите и инкултурацијата, потоа темата: Заедно да бидеме Црква; екуменизам, религиската слобода и други. Оставено е време и за договор околу прославата на 500 годишнината од Реформацијата, во 2017 година.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот