Четврта постојка

Исус ја сретнува својата света мајка

Ти се поклонуваме, о, Исусе и Те славиме зашто со својот крст го спаси светот!

Да погледнеме на Исус. Какво убаво доживување во таа грубост која ги опкружуваат Ерусалимските улици. Незабележливо како Сонце и неговите топли зраци го приближиле лицето на неговата мајка. Светото Писмо не ни зборува дека тие разговарале. Само се сретнале. На синот многу му помогнало мајчинскиот поглед на молчење, а на мајката Исусовите благодарни очи. Во средбата се случило љубов без зборови, но љубов без која понатаму не е можно. Повеќе не е сам. Со него е и неговата мајка. Со него ја дели неговата мака и го следи неговиот пат.

Семејството е заедница на лиѓе и покрај тоа што секој од нас е директно создаден од Бог, сепак Бог се послужува со нашите родители и во часот кога Тој сака, нѐ повика во живот. Така Бог и родителите се Сосоздатели на новата личност. Секој од нас, затоа, има однос како дете кон Бог и кон родителите. Никогаш улогата не може да се замени. Никогаш не може детето да стане родител на својот родител, но ние денес ја чувствуваме последицата на тој грев, кога нашиот прародител Адам „сакаше да биде Бог“. Во семејството таа света хиерархија е запишана во нашата природа. И затоа Божјата заповед – сакај ги татка си и мајка си за да живееш долго и добро да ти биде на Земјата – е прородна. Кога не се почитува, Бог не ни се осветува, туку нашата природа нам ни се осветува, бидејќи „со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери“. Нашиот родител може да биде виновен на другите, но никогаш на нас, бидејќи нас тој нѐ роди. Можам да дадам живот за него, но не можам да му дадам живот. Евентуално, го враќам тоа што сум го примил. Ставот кон родители е судбоносен став за иднината на цивилизацијата. Сведоци сме за последиците што современото друштво ги носи, каде што таа „света хиерархија на однесување“ е посрамена. И покрај сите човечки ограничување, слабости, па и грев, мајката останува мајка, таткото останува татко, децата остануват деца и тие односи не можат ни да се вреднуват ни да се изразат со материјални мерила. Љубовта неможе да се плати. Но, љубовта ни возврати. Исус и Марија се соединети во љубовта на патот до спасението.

Да се помолиме

Боже, кој самиот сакаше да биде член во човечкото семејство. Се овоплоти и стана човек во Назарет. Искажуваше почит и љубов кон својата мајка. Подари ни ја таа милост, никогаш да не го заборавиме својот однос на благодарност, стрпливост и љубов кон тие кои ни го подарија животот. Кој живееш и царуваш во вечни векови. Амин.

Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..

Помилуј нѐ Господи – Помилуј нѐ.

 

За авторот