Од Светото Евангелие според Лука (11, 34-41)34. Светило за телото е окото; ако твоето око биде чисто, и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лукаво, и твоето тело ќе биде темно; 35. затоа гледај светлината, што е во тебе, да не биде темнина. 36. Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде така светло, како кога светило те осветлува со светлина.” 37. И кога зборуваше Он, еден фарисеј Го помоли да руча кај него. Он отиде и седна на трпеза. 38. И фарисејот се зачуди, кога виде, дека Он не си ги изми рацете пред јадење. 39. Но Господ му рече: „Ете, вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а пак внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство. 40. Безумни, не е ли ист Оној што ја создаде и надворешноста и внатрешноста? 41. Но, давајте милостина според своите сили, тогаш сè во вас ќе биде чисто.
(…) Она што Исус го бара е крајно совпаѓање на она внатрешното со она надоврешното. Исус не се задоволува само со тоа човекот да има чисти раце или ракавици, не се ограничува неговата чистота на чистотата на рацете, садовите, чиниите, чашите. Надворешноста станува лицемерие, ако не одговара на внатрешноста, на срцето. Ако срцето е расипано, извалкано, сѐ е извалкано, ако срцето е преполно со грабеж, лоши работи, омраза, нечистотија, тогаш целата надворешност само е маска.
Исус е поканет во домот на фарисеј. Се однесува крајно неучтиво. Дали е можно некој кој е поканет на гости да одржува таква лекција на својот домакин. Прво греши за најобичните хигиенски правила, за миењето на рацете, а потоа истура оган на фарисејското однесување. Ова само е продолжение на оној говор за лукавиот и прељубнички род кој се противи на Нинивија и Јужната Царица. (…)
Исус се однесува речиси агресивно, неговите зборови за обичните уши дури се неподносливи, ако ги мериме според денешниот бонтон. Како само се осудува такво нешто да каже, а има улога на гостин? Исусовата улога е луѓето да ги повикува на одлука, да ги повика на светлина. Он ја разоткрива темнината која владее во луѓето. Исус е предизвик во личноста. (…)
Исус сака да порача: Ако сте се збогатиле на сметка на вдовица и сиромав, на сметка на оние кои се обесправени и угнетувани, тогаш ќе бидете вистински знак на вашата чистота ако тоа што го имате го споделете со сиромашните. Тој е единствениот пат за „чистење“ и ослободување од валканата совест. Содржината на садот – односно твоето срце – да дадеш како милостиња на оние во потреба. Треба да бидеш слободен од земските добра и богатства, и ако човекот е подготвен да даде на сиромашните, тогаш неговиот однос кон Бог е уреден. Тој е тогаш патот и вистинскиот знак. Тоа е тогаш патот и вистинскиот знак на вистинското преобраќање кое Исус го бара од фарисеите, но и од сите. Фарисеите треба да ја тргнат од себе целата „шминка“ која по цел ден ја носат на себе.
Исус се покажува, крајно слободен човек. Слободен во секој поглед, слободен од иднината, слободен од грижата за леб и јадење, слободен од стравот. (…)
Меѓугорје/к.мк