Папата: Божиќниот пост ни покажува што е најважно

Папата: Божиќниот пост ни покажува што е најважно

Божиќниот пост нè повикува да се подготвиме за Господовото доаѓање, да Го препознаеме во браќата, да научиме да љубиме. Ви пренесуваме некои мисли од папата Фрањо за тоа време со кое воедно започнува и новата литургиска година.

Времето на Божиќниот пост ни е дадено да го примиме Господ Кој ни доаѓа во пресрет, да ја потврдиме нашата желба за Бог, да гледаме напред и да се подготвуваме за Христовото враќање – рече папата Фрањо минатата година на првата недела од Божиќниот пост. Светиот Отец тогаш исто така рече дека внимателна личност е она која не дозволува во вревата во светот да ја победи растресеноста или површноста, туку живее свесно и со полни бели дробови, грижејќи се за другите.

Во светот, но не до светот

Човекот кој бдее не дозволува да го завладее обесхрабрување, недостаток на надеж и разочарување, и истовремено го отфрла повикот на многу испразности со кои светот е полн и заради кои понекогаш се жртвува времето и мирот, лично или семејно. Папата на почеткот на минатогодишниот Божиќен пост повика на внимание и будност за да не залутаме од Господовиот пат и исто така за да го вратиме значењето и вредноста на неговото присуство полно со добрина и нежност.

Три Господови посети

Пред две години, Папата на молитвата Ангел Господов на првата недела од Божиќниот пост рече дека постојат три Господови посети на човештвото. Првата е неговото раѓање во витлеемската пештра, втората е денес, во нашето време, а третата е конечната и последна посета, односно средбата со Христос на последниот суд. Нашето секојдневие мора да биде свртено кон тој хоризонт, кон средбата со Господ Кој доаѓа заради нас – рече Папата. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот