Свети Елена и Константин

Свети Елена и Константин

Во Рим на улицата Лабикана, света Елена, мајката на царот Констнтин, се залагаше да им помага на сиромасите; благочестиво влегуваше во црква заедно помеѓу народот

Од плебејско семејство, Елена, по наредба на Диоклецијан, била оставена од нејзиниот сопруг Костанциј Флор. Кога нјзиниот син Константин, победувајќи го својот ривал Максенциј, станал апсолутен господар на царството. Елена, чија чест била повратена, добила највисока титула „Августа“ за која една жена би можела да мечтае. Тоа било почеток на една нова ера за христијанството: царот Константин, по побетата благодарение од заштитата од страна на Христос, им даде слобода за извршување на нивниот култ. Фундаментална улога имала неговата мајка Елена: можеби таа била која придонела за неговото преобраќање на нејзиниот син во христијанството, непосредно пред неговата смрт. Елена сведочела една голема религиозна ревност, вршејќи добри дела и градејќи славни базилики на светите места. Го пронашла Христовиот гроб, ископан во карпата и по кратко време исто така Господовиот крст и крстовите на двајцата разбојници. Пронаоѓањето на крстот, во 326 година под надзор на побожната Елена, создаде големи емоции во целото христијанство. По овие откритија следувало изградба на многу базилики. Најверојатно починала во 330 година.

Влегувајќи во базиликата „Свети Петар“, на основата од четирите големи столбови кои ја држаат куполата архитектирана од страна на Микеланџело и прават круна околу олтарот под кој се наоѓа гробот на апостолот Петар, се наоѓаат величенствените статуи на света Елена, претставена со крстот, свети Андреј, света Вероника и свети Лонгин, чие дело е реализирано од учениците на Џан Лоренцо Бернини (1598-1680). Во источната иконографија света Елена честопати е претставена со синот, царот Константин (274-337), обајцата од двете страни на Крстот и овој приказ се должи на двете заслуги за кои им се припишува на мајката и синот: Елена го пронајде Крстот од мачеништвото на Спасителот и Константин донесе слобода за култот на христијаните, кои триста години биле прогонувани и убивани заради верата.

Елена, поради тоа што била оставена од страна на нејзиниот сопруг, останала понизна во сенка, додека нејзиниот син бил воспитан во дворецот на Диоклецијан. Но останувањето во сенка прекинало кога Константин бил прогласен од неговите војници за цар во 306 година. Мајката-царица отишла најпрво да живее во Тревир, а потоа во Рим каде што била прифатена со најголемите почести, добивајќи ја титулата „Августа“. Константин ја одликувал со високо достоинство, давајќи ѝ слободен пристап до царската ризница и правејќи да се коваат монети со нејзиното име и нејзина слика. Елена живеела во молитва, во голема побожност и добротворство, умножувајќи ги донациите за градење и живот на црквите. Од добиените привилегии никогаш не ги злоупотребувала, туку се служела за великодушно да помага луѓе од сите сфери на животот па дури и цели градови. Ги помагала сиромасите со алишта и пари, благодарение на нејзиното посредништво, спасила многумина затвореници од затвор или од присилна работа или од прогонство. (…)

Преданието вели дека Елена, која се искачила на Голгота, за да го прочисти светото место од паганските градби изградени од римјаните, го открила вистнскиот Христов Крст. И бил направен опит: врз него било поставено тело на еден мртовец, кој при допирањето со крстот воскреснал. Ова чудо било претставувано од многу уметници, познати се насликаните икони во Базиликата „Светиот Крст од Ерусалим“ во Рим.

Елена починала на околу 80-годишна возраст (околу 329 година), во присуство на нејзиниот син, на едно неидентификувано место; нејзиното тело било пренесено во Рим и погребано на улицата Лабикана, во еден сакрофаг од порфир, сместен во прекрасен мавзолеј во округла форма со купола, кој може да се види во близина на катакомбите на света Агнеса. Но постои и друга верзија од преданието: на островот Света Елена, близу Венеција, во 1028 година била изградена првата капела посветена на мајката на Константин и била доверена на Августининците, кои во нејзина близина изградиле манастир. Во 1211 година од Цариград во Венеција пристигнало телото на царицата, благодарение на августинскиот монах Аикардо и било поставено токму во оваа капела, која подоцна, Августиннците ја преградиле во една поголема црква. Во XV век манастирот и црквата припаднале на Бенедиктинците. За време на владеењето на Наполеон, во 1810 година, црквата била оскверната а останките од телото биле пренесени во базиликата Свети Петар. Црквата на островот Света Елена во 1928 година била повторно отворена за молитва и припаднала на Редот на Слугите на Марија; во наредните години останките биле повторно ставени на светото место. Можеби, таму каде што е потврдено дека се наоѓа „телото“ на светата царица, може да значи дека се наоѓаат делови од нејзиното тело, бидејќи во првите векови се разнесувале делови од мачениците и светците за да на тој начин се задоволат повеќе верници и нивната побожност во различни места.

Веднаш била сметана за светица и кога поклониците пристигнувале во Рим не изоставале да ја посетат исто така и нејзината гробница. Импозантниот саркофаг во XI век бил пренесен во Латеран, а денес се чува во Ватиканските музеи. Култот за нејзиното прославување како светица бргу се ширел на Исток и на Запад. Бенедиктинскиот монах Узуард (877) бил првиот кој го вметнал името на света Елена во пописто на светиците, а нејзиното дело, многу прочуено во средниот век, служело како основа за Римската Мартирологија, издадено за време на понтификатот на Григориј XIII (1502’1585).

Светци и блажени/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот