Како Њутон на скептиците им го објаснил воскресението на телото

Како Њутон на скептиците им го објаснил воскресението на телото

Оваа случка му се препишува на сер Исак Њутон (1642-1727), англиски физичар, математичар и асторном. Њутон воедно е еден од најголемите научници на сите времиња и цврсто верувал во библискиот концепт за создавањето на светот.

Во една прилика го прашале Њутон: „Како е можно телата на мртвите, кои веќе се распаднати, повторно да се соединат со своите души?

На тоа научникот зема земја и железна прашина и ги размешува, па ги прашал своите соговорници: „Кој може да ја одвои земјата и да ја собере железната прашина?“

Не добил одговор.

Тогаш Њутон земал магнет и го приближил до мешавината. Започнало силно раздвижување на честиците. Ситните делови железна прашина започнале да се лепат за магнетот и едни на други. Во земјата не останал ниту еден молекул железо

Тогаш Њутон им рекол на присутните: „Оној кој ваква голема сила му дарувал на мртвиот камен, зарем Тој не може да им даде на нашите души таква моќ кога ќе треба да се облечат во своите прославени тела“?

Битно нет/к.мк

За авторот