Стани „ништо“ или големината на „маленкоста“

Стани „ништо“ или големината на „маленкоста“

Тереза гледа на човечката природа реално. Го прифаќа светот таков каков што е. Заради тоа што за неа важен е животот во секојдневието, а не во посебните ситуации, го нарекува својот пат мал.

Света Тереза се споредувала со зрно песок, атом кој во Божјите очи е невидлив. Својата сила ја употребила за да стане „Ништо“, односно Исусовата наука за сиромашен по дух ја сфатила сериозно. Нејзиното секојдневие било исполнето со многу работа, но секогаш не според нејзиниот вкус, полно со монотонија, бидејќи не секогаш го забележувала Бог, полно со тешкотии затоа што морала да излезе на крај со различните карактери во својата околина, без сјај затоа што нејзините успеси биле скромни. Често било укорувана затоа што била премногу бавна и дека на манастирската заедница ништо не ѝ користи. „Не веруваме“, пишува Селина дека „можеме да љубиме без страдање, без многу страдање. Нашата сиромашна природа не е залудно овде. Тоа е целото наше богатство, нашиот леб насушен. Таа е толку скапоцена што Исус доаѓа на овој свет за да ја запоседне. Трпиме во горчината, тоа значи без храброст. Исус трпел во жалост. Можеме ли без жалоста воопшто да трпиме? А ние би сакале великодушно сосема великодушно да трпиме. Какви ли илузии!“

Малиот пат

Тереза гледа на човечката природа реално. Го прифаќа светот таков каков што е. Заради тоа што за неа важен е животот во секојдневието, а не во посебните ситуации, го нарекува својот пат мал. Таа „маленкост“ нема никаква врска со наивноста. Да се биде мал е теолошка изјава: се работи за нашата состојба пред Бог и нашето држење пред Него. Света Тереза на Детето Исус со својата наука за светоста црковното сфаќање го враќа на нејзините евангелски корени. Постојано на тоа предупредувала дека сите кои ние ги сметаме за светци биле сиромашни по дух, мали и понизни пред Бог, независно од нивната надареност и задача. Светците имаат пророчка задача. Заради тоа што не сакаат ништо за себе, можат со прстот да покажуваат на раната.

Молитва до Света Тереза на Детето Исус

Света Тереза на Детето Исус сети се на твоето ветување уште додека беше на земјата дека ќе правиш добрини на луѓето. Излиј го во изобилство Божјиот благослов како дожд од миризливо цвеќе кон нас кои те повикуваме и испроси ни ја благодатта за која што те молиме. Оче наш, Радувај се Маријо, Слава на Отецот.

Боок/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот