Свети Василиј Велики

Свети Василиј Велики е роден во 330 година во Кесарија од родители Василиј и мајка света Емелија. Неговите родители потекнувале од познати и богати семејства, но тие се многу попознати по нивниот христијански живот.

Свети Василиј образованието го започнал кај својот татко, кој бил реторичар воКесарија. По смртта на неговиот татко образованието го продолжил во Кесарија Кападокиска, каде школски другари му билеГригориј Назијанскии Јулијан Отпадник. ОдКесаријасвети Василиј заминал заЦариград, а од 352 година престојувал во Атина, каде изучувал филозофија, дијалектика, реторика, астрономија и медицина.

На 30 годишна возраст заминува за Ерусалим, а од страна на епископот Максим е крстен во реката Јордан, а потоа ракоположен и за свештеник. Традицијата на Црквата зборува дека свети Василиј целиот свој имот го раздадел на сиромаси и започнал монашки живот.

По смртта на Есевиј, 370 година Свети Василиј е хиротонисан за епископ. Ариевските поборници, еретици биле против изборот на Василиј за епископот на Кесарија Кападокиска, бидејќи неговите проповеди и учења го разобличувале аријанското кривоверие.

Свети Василиј градел болници и домови за стари лица. Починал на 31 декември 378 година.

к.мк/го*ко

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот