Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог по повод месецот за пост на мулсиманите ги изрази своите желби овој „месец да биде богат со божествени благослови и духовен раст“.
Ова е втор Рамазан во време на пандемијата. Светиот месец на пост и молитва за муслиманите ширум светот започна на 13 април и ќе заврши на 12 мај. Во оваа пригода, Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог со порака им се обрати со „братски желби до браќата и сестрите муслимани“.
Текстот потсетува дека „во овие долги месеци на страдање, вознемиреност и болка, особено во периодите на целосно затворање“, „се чувствуваше потреба од божествена помош и изрази и гестови на братска солидарност“. Гестови како што се „телефонски повик, порака за поддршка и утеха, молитва, помош при купување лекови или храна, совет“. Но, она што навистина ни треба најмногу – нагласува пораката – е надежта. „Надежта произлегува од нашето верување дека проблемите и искушенијата имаат смисла, вредност и цел, без разлика колку е тешко или невозможно да се разбере причината или да се најде излезот. „Ние, христијаните и муслиманите, сме повикани да бидеме носители на надеж за сегашниот и идниот живот и сведоци, градители и коректори на таа надеж, особено за оние кои поминуваат низ тешкотии и очај.
Да одиме со надеж
Во документот – потпишан од претседателот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, кардиналот Мигел Ангел Ајусо Гихо и секретарот на советот, монсињор Индунил Кодитуваку Јанакаратне Канканамалаж – исто така се нагласува дека има фактори кои не се поволни за надеж. Меѓу нив се недостаток на вера во Божјата љубов и грижа, губење на довербата во нашите браќа и сестри, песимизам, очај и неговата неоправдана спротивставеност, претпоставките. Пораката особено потсетува на неодамнешната енциклика на папата Фрањо „ „Fratelli tutti“. Во овој документ, Папата пишува: „Повикувам на надеж, која ни зборува за реалноста вкоренета во длабочините на човечкото битие, без оглед на специфичните околности и историската условеност во која живееме. Ни зборува за жед, стремеж, копнеж, исполнетост, реализиран живот, за мерење со она што е големо, со она што го исполнува срцето и го крева духот кон големи нешта, како што се вистината, добрината и убавината, правдата и љубовта “.
Ватикан њуз/к.мк