Светиот Престол се противи на легазлизација за дрогата

Семејството игра суштинска улога во борбата против зависностa од дрога, и борбата против овој проблем не треба да биде со либерализација на употребата на наркотици”. Ова го истакна монс. Бернардино Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол во ОН, за време на посебна сесија на Генералното собрание, свикано во Њујорк и има за цел утврдување на главните насоки и приоритетите на светската политика во наредните децении за проблемот со дрогата.

Во изјавата монс. Ауза го потврди острото противење на Светиот Престол за легализација на употребата на дрога, со чие ширење, како што беше потврдено и од папата Фрањо, треба да се води борба, отстранувајќи ги проблемите кои стојат во основата на проблемот.

Монсињор Ауза истакна дека Светиот Престол и понатаму ќе продолжи да ја нагласува важноста на семејството во стратегиите за превенција, третман, рехабилитација и инклузија. Но и здравите семејствата за жал можат „да станат жртви на злоупотреба на дрога, затоа и тие имаат потреба од поддршка и грижа”, вклучувајќи „ефикасна и прифатлива здравствена и социјална помош”. Во таа смисла монс. Ауза предупреди дека не треба да се поистоветуваат корисниците, шверцерите и дилерите на дрога: „сите кривични дела поврзани со нелегалните дроги, немаат иста тежина и еве зошто еден неправеден одговор не би помогнал за рехабилитацијата на наркозаивисниците”, посочи монс. Ауза, и истакна дека е неопходно „меѓународна соработка со интегрирана и избалансирана стратегија за борба против дрогата”.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот