Распоред на Папата во април и мај

Канцеларијата за печат на Светиот Престол го објави распоредот на прослави кои ќе ги предводи папа Фрањо во април и мај оваа година. На Четвртата Велигденска недела, 17 април Папата во ватиканската базилика „Свети Петар“ ќе ја предводи Литургијата на која ќе ракоположи нови свештеници. На Петтата Велигденска недела, 24 април се слави Јубилеј на момчиња и девојчиња. Папата во 10.30 ќе ја предводи Литургијата на плоштадот Свети Петар.

На празникот Вознесение Христово, 5 мај во ватиканската базилика во 18.00 часот ќе се одржи молитвено бдение „Избришете ги солзите“. На празникот Духовден, во недела, 15 мај, Папата во ватиканската базилика во 10.00 часот ќе предводи свечена Литургија. На празникот Пресвети Тело и Крв Христови, 26 мај, на плоштадот Свети Иван Латернаски во 19.00 часот има света Литургија со процесија до Света Марија Велика и евхаристиски благослов. Во недела на 29 мај, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе се прослави Јубилеј на ѓакони со почеток во 10.30 часот.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот