Папата основа студии за Науки за мирот

Папата основа студии за Науки за мирот

На Папскиот латерански универзитет Папата основа студии за Науки на мирот со цел – како што е истакнато во писмото на големиот канцелар – соодветна подготовка на сегашните и идните работници на помирувањето преку посебна научна формација за свештеници, богопосветенилица и лаици.

Студии кои промовираат соодветна подготовка на сегашните и идните работници за мирот – истакнува папата Фрањо во писмото до викарот за градот Рим кардинал Анџело Де Донатис, високиот канцелар на Папскиот латерански универизтет, основајќи на тој универзитет студии Науки за мирот. Зборовите на Папата ги прочита заменикот за општи работи во Државниот секретаријат надбискупот Едгар Пења Пара на отворањето на академската година и по повод 245 годишнината од основањето на универзитетот.

Дијалогспособен да ја згасне омразата

Во време во кое сѐ повеќе е потребно да се спречуваат и решаваат конфликти – пишува Папата – Црквата отсекогаш ги вложува своите напори за да учествува во ослободувањето на мажите и жените од трагедијата на војната и нејзини последици, во светло на Евангелието се чувствува повикана да ја надахнува и поддржува секоја иницијатива која на народите и нациите може да им го загарантира патот на мирот, резултат на вистински дијалог способен да ја згасне омразата, откажувајќи се од самољубието и да ја надвладее желбата за моќ и за угнетување на слабите и понизните.

Затоа Папата препорачува воспитување за слушање и разбирање и за познавање и проучување на наследените вредности, спознанија и средства способни да го отстранат стремежот кон разделеноста, затворањето и логиката на моќта, кои се носители на насилството и уништувањето. Средствата за помирување, облиците на транзициската праведност, гарантирањето на одржливиот развој, заштитата и сочувувањето на создаденото денес се само некои од средствата кои се во состојбата да го отворат патот на облиците на мирно решање на конфликтите, да се отстрани кариеризмот и доминантните позиции и така да се формира личност која потполно се посветува на служењето за благосостојбата на човекот.

Да се надминат конфликтите преку дипломатија

За да биде веродостоен посредник пред светското јавно мислење, Црквата е повикана – рече Папата потсетувајќи на апостолскиот поттик „Evangelii gaudium“ – да ги поддржува решенијата на проблемите кои се однесуваат на мирот, слогата, животната средина, заштитата на животот и човековите и граѓанските права. Таа задача таа ја врши и преку делувањето на Светиот Престол во меѓународната заедница и во нејзините институции, работејќи со дипломатски средства за да се решат конфликтите на мирен начин и со посредување и за да се промовира почитувањето на основните човекови права и целосниот развој на народите и земјите.

Централната улога во стремежот кон таа цел Папата ја доверува на универзитетскиот свет, место koe e симбол на целосниот хуманизам кој треба постојано да обновува и да збогатува– според зборовите на Папата – за да знае да ја оствари храбрата културна обнова која ја бара сегашниот момент. Затоа ја доверува и на светската мрежа на црковни универзитети, насочувајќи го нивното делување во перспектива на Црква која повеќе е мисионерска и таа „која излегува.“

Имено можно е да се соочуваш со предизвиците на современиот свет со способноста за давање одговори, соодветни на содржината и начинот на изразувањето и тоа обраќајќи се пред сè на новите генерации. Тoа е задачата која ни е доверена – да го овоплотиме Словото Божјо за Црквата и за човештвото на третиот милениум. Во тоа е важно студентите и професорите да се чувствуваат ходочасници повикани да ја навестат Радосната вест на сите народи, не плашејќи се да ризикуваат и да сонуваат за мирот за сите луѓе и за сите народи – истакнува Папата. (…)

Формација за свештениците, посветените лица и лаиците

Поттикнувајќи потоа да се загарантира посебна научна формација за свештениците, богопосветените лица и за лаиците, папата Фрањо напомена дека на студиите на Науките за мирот може со довербата да гледаат дијацезанските епископи, воените ординарии, епископските конференции, поглаварите и поглаварките од различните облици на посветениот живот, водачите на лаичките здруженија и движења и сите кои сакаат. Пред таа задача Папата посака целата заедница на Латеранскиот универзитет – професори, студенти и целиот персонал – да се почувствуваат вклучени во сеењето на културата на мирот. Тоа дело започнува со слушањето, професионалноста и посветеноста, а е придружено со понизноста, кроткоста и волјата да се стане сè за сите луѓе.

Свети Иван XXIII и свети Павле VI

Папата на крајот– како што пишува – тој нов плод на грижа на Црквата го става под заштита на своите претходници светиот Иван XXIII и светиот Павле VI првите гласници на мирот во светот кој многу придонеле за развојот на научителството на тоа подрачје и го довери на Марија Царицата на мирот за да помогне да се сфати и живее она братство кое го бара Срцето на нејзиниот Син и од кое произлегува вистинскиот мир.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот