Да не се оддалечуваме од Исус во име на „здравиот разум“

Ватикан, 20.4.2013 /к.мк/ – Сè уште има „млаки христијани”, кои се дистанцираат од Евангелието и неговите барања и сакаат да изградат Црква според својата мерка, но тоа не е Црквата на Исус Христос. Други пак христијани го сведочат името Исусово со мачеништво. Ова го истакна папата Фрањо на Литургијата во капелата на домот Света Марта во Ватикан. На Литургијата присуствуваа сестрите Ќерки на милосрдието на свети Винко Паулски, кои ја водат каритативната организација „Света Марта“, која повеќе од 90 години се грижи за деца од сиромашни семејства во Рим, не правејќи разлика за нивната национална или верска припадност. На светата Литургија министрираа и две деца.

Повикувајќи се на Евангелието наменето за денес (Иван 6,60-69) папата Фрањо потсети дека многу од Господовите ученици негодуваа против неговите зборови, а некои од нив дури и го напуштија својот Учител: Тие го напуштија, бидејќи зборовите на Исус им беа многу тешки и не можеа да ги поднесат“ – рече папата Фрањо. Ризикот да се продолжи по тој пат за нив е преголем, затоа се враќаат во името на „здравиот разум“. Тие му се восхитуваат на Исус, но сепак се оддалечуваат, а сега одлучуваат да не се дружат со овој човек, бидејќи зборува чудни работи.

„Тоа се христијани само со здрав разум: се дистанцираат – истакна папата Фрањо. Тоа се христијани – „сателити”, кои имаат една мала Црква по своја мерка: како што вели Исус во Откровението на Свети Иван „млаки христијани” (Откровение 3, 15-19). Тие се израз на млакоста во Црквата … одат напред само со здравиот разум и општо прифатливото …. со една световна внимателност: токму тоа е искушението на световната внимателност.“

Во исто време, продолжи Папата, „многу христијани го сведочат името Исусово, дури и по цена на мачеништво”. Тие не се „христијани – сателити”, бидејќи „одат со Исус и по патот на Исус.”

„Тие многу добро ги знаат зборовите на Петар, кога одговара на прашањето на Господ: „Да не сакате и вие да „бидете сателити”? Симон Петар одговара: „Господи, при кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за живот вечен” (Иван 6 – 68). Така големата група станува мала, но остануваат оние кои многу добро знаат дека не можат да одат на друго место, бидејќи само Господ има зборови за живот вечен.”

На крајот папата молеше за Црквата за да „може да расте понатаму, да се зацврстува со стравопочит кон Господ и утехата на Светиот Дух. Господ нека нѐ избави од искушението на „здрав разум“ и од мрморењето против против Исус, бидејќи многу бара.”

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<