Распоред за Тродневницата и Светувањето на Марија од Назарет од 03 до 06 октомври 2019 година во Радово

Распоред за Тродневницата и Светувањето на Марија од Назарет од 03 до 06 октомври 2019 година во Радово

Централна тема на Тродневницата – „Марија од Назарет утешителка и сопатничка во страданијата“

Четврток 03.10.2019 – 18,00 Бројаница. Поставување на статуата Марија од Назарет пред иконостасот во црквата. Света Литургија; Наговор Отец д-р Зоран И. Стојанов, парох. Молитви на Верните, под водство на Отец Илија Стојанов, капелан, вклучувајќи ги младите, средношколците и децата од основно училиште.

Петок 04.10.2019 – 18,00 Света Литургија; Молебен до Пресвета Богородица; Наговор Отец м-р Ванчо Назов парох во Сарај и Чанаклија. Молитви на Верните, под водство на Отец Трајче Ташев, капелан, вклучувајќи ги младите, средношколците и децата од основно училиште.

Сабота 05.10.2019Литургија во 8,30 часот. Во 17,00 Тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет и Света Мајка Тереза. Процесијата ќе ја предводи Н.В.П. д-р Киро Стојанов, со свештениците, со учество на верници, возрасни и деца: Министрантите и децата од основно училиште и предшколска возраст со своите родители носејќи во рацете икони и знамиња. По патот молење на Бројаница. Враќање во црквата Молебен до П.Д.М. Наговор Отец Ѓорги Појразов, парох во Петралинци.

Недела 06.10.2019 – 10,00 Света Бројаница; На крајот на Бројаницата Процесија со Марија од Назарет околу црквата; Света Архиерејска Литургија во 10,30 ја предводи и проповеда Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх; Благослов за сите лични и семејни бројанички. Заедничко Агапе.

Со почит ве повикуваме и покануваме сите на славењето и светувањето на нашата Небесна Мајка, Марија од Назарет, во Радово:

Отец д-р Зоран И. Стојанов – парох и капеланите Отец Трајче Ташев и Отец Илија Стојанов, заедно со Сестрите Евхаристинки, Одборниците и Вениците од парохијата “Свети пророк Илија”.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот