Монсињор Филипо Чампанели е новиот секретар на Дикастеријата за Источните цркви

Монсињор Филипо Чампанели е новиот секретар на Дикастеријата за Источните цркви

Од 2009 година, во ватиканската дипломатија, извршувал служба во нунцијатурите во Грузија, Ерменија, Азербејџан и Белорусија. Моментално ја извршуваше функцијата советник за нунцијатурите во Секторот за општи работи на Државниот секретаријат. Додека Папата во последните месеци се соочуваше со грипот, му ги доверуваше неговите говори да ги чита.

Монсињор Филипо Чампанели беше именуван од папата Фрањо за нов секретар на Дикастеријата за Источни цркви. Досегашниот советник за нунцијатурите во Одделот за општи работи на Државниот секретаријат, по петнаесет години поминати во дипломатската служба на Светиот Престол, во последните месеци стана познат на пошироката јавност по тоа што Папата поради грип и последователен замор, во неколку наврати му го довери читањето на неговите говори.

Служба во ватиканската дипломатија

Роден е на 30 јули 1978 година во Новара, Италија, ракоположен е за свештеник на 21 јуни 2003 година. Докторирал на Папскиот универзитет „Грегоријана“ во Рим. По студиите на Папската црковна академија, на 1 јули 2009 година стапува во дипломатската служба на Светиот Престол. Работел во папските претставништва во Грузија, Ерменија, Азербејџан и Белорусија. Од 2015 година работи во Секторот за општи работи на Државниот секретаријат.

Нова должност

Во дикастеријата што се занимава со поддршка на растот, зачувување на правата и литургиското и духовното наследство на Католичките Цркви од источниот обред, монсињор Чампанели ја презема улогата што четири години ја вршеше дон Флавио Пејс, кој во февруари беше именуван од Папата како нов секретар на Дикастеријата за промовирање на единството меѓу христијаните, доделувајќи му ја титулата надбискуп, а чија бискупска хиротонија ќе се изврши на 4 мај во катедрала во Милано.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот