Проповед на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на Литургијата со Богоспосветените лице

Спасение од гревот и смртта

(Радово, 21 март 2015)

Драги браќа свештеници, почитувани сестри, еве не на врвот од овој ден, славење на Пресветата Евхаристија. За кратко време на овој олтар ќе се случи оној ист настан кој што св. Лука ни го раскажува во св. Евангелие, а тоа е овоплотувањето на Божјиот Син по Светиот Дух. Овој пат на нашиот олтар, а не во крилото на Пресвета Дева Марија. Но, ни сега нема да се случи без нејзино присуство. Сепак, во оваа хомилија сакам да се задржам на темата која што ја слушнавме во навестувањето од посланието до Евреите.

Отсекогаш човекот го мачи проблемот на преодност и смрт. Толку многу сме уронети во материјата што многу тешко ни е да поверуваме дека со заминувањето на нашето материјално битие нема да мораме да отидеме и ние. Лесно е тоа да се говори дека телото заминува а ние – со духот урнуваме во Бога, но тешко е тоа да го носиме цел живот како нешто да не притиска и по малку не страши, бидејќи во многу работи имаме искуство но за смртта не, немаме. Уште еден проблем постојано не мачи а тоа е проблемот на постоењето на злото, односно гревот. Гревот е зло кое целиот живот ја нагризува нашата човечка природа и не само што таа природа е преодна туку и расиплива. Тие два проблеми смртта и гревот меѓусебно се поврзани и знаеме дека коренот им се наоѓа во падот на првиот човек, бидејќи последица на гревот е смртта. Ослободувањето од смртта и гревот темелна е тема на сите надежи во сите религии и сите обреди во сите религии: како од гревот да се очистиме и како без тоа да се живее.

Авторот на посланието до Евреите во овој дел храбро ја навестува суштината на Новиот завет а тоа е: Спасение од гревот и смртта. Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа Исус не се срамува да ги нарече браќа. Авторот вели: „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам“. Со други зборови кажано: Тој ослободените браќа ќе ги собере во една заедница околу Отецот од кого произлегува од векови а во просторот станува наш брат. Во мигот на Овоплотувањето еден автор запишал како застанува здивот на Ангелите и на целото небо кога архангел Гаврил ја известил Марија за можноста на овоплотувањето. Што ли ќе одговори Назаретската Дева на таа вест. Одговорот ни е познат: Еве Слугинка сум Господова нека ми биде по зборовите Твои.

Така започнува новата историја на создавањето, бидејќи Бог се Овоплоти, и затоа авторот на посланието вели: Бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот. На тој начин ги избави тие кои целиот живот беа во ропство заради стравот од смртта. Драги браќа свештеници, почитувани сестри, нас не опкружуваат луѓе кои се слаби во верата но исто така не опкружуваат и христијани кои во многу верски вистини веруваат но во вечниот живот не. Едно испитување во Германија покажало дека дури 30% од нив кои се признаваат за христијани не веруваат во вечен живот. Не е чудо што Благовештение е поврзано со пораката за ослободување од смртта. Повторно се враќаме на нашето предавање, и во тие работи ние пред сè на Бога посветените лица треба да бидеме знак и навестување на секој човек да во животот смртта нема моќ на уништување. Смртта е беспомошна (обескрепена) и само е врата за нов живот во заедништвото на светите.

Авторот на посланието говори и за ослободување од гревот. Тој вели: затоа Тој мораше во сè да личи на браќата па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот. Овоплотувањето е чин на преземање на нашата природа што ги презема самиот Бог на себе да во сè ни биде сличен освен во гревот. Така и гревот можеше да го земе на себе и како Првосвештеник во една единствена жртва на својот живот да не спаси од гревот. Многу е важна реченицата: Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушуван, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне. Во оваа реченица имаме сјајна Божја порака дека Исус и после смртта и воскресението остана наша присутна жртва на олтарот да ние кои сме или се наоѓаме сеуште во искушение да може да ни помогне.

Почитувани браќа свештеници, чесни сестри, не е чудо што со векови во историјата на Црквата времето се сметало од датумот на Овоплотувањето тоа е настан над настаните во кое вистински историски започнало делото на Откупување. Славејќи го Благовец и во оваа Евхаристија се враќаме на нашето предавање, односно да го молиме Господа да во причеста кога Словото ќе стане тело во нашето тело да го прифатиме своето обожување и да допуштиме да го реформира нашето срце според своето Срце и така да најде пригодна природа на нашето јас кое стана негово ЈАС. Се сомневам дека би можеле да го овоплотиме Божјото слово подобро отколку во Евхаристијата да не кажам Евхаристинка. На сите нас овој олтар е извор. Место на кое го прикажуваме својот живот на овој олтар и затоа е извор и цел на нашиот живот, секој ден да излеземе од Црквата или капелата со Исус и на завршетокот на денот, навечер, повторно да се вратиме во капелата, црквата кај Исус во Пресветата Евхаристија. Оваа врата е наша влезна и излезна бидејќи овде е нашиот Свршеник, Господ Исус Христос, од кого примаме (контури) оцрти од неговото лице. Амин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот