Прославен патрониот празник Свети Димитриј во Сарај

Со света архиерејска Литургија во Сарај на празникот Свети Димитриј, 8 ноември, свечено беше прославен заштитиникот на филијалната црква. Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. монс. Д-р Киро Стојанов, во сослужение на повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Во преполната црква епископот Стојанов во проповедра се осврна на смислата на животот и вистината во која човекот треба да живее.

Покрај големиот број верници од Сарај, на светата архиерејска Литургија беа присутни и сестрите Евхаристинки, кои ја збогатија оваа прослава предводејќи го пеењето за време на светата Литургија.

Д.И./го*ко

Категорија: Македонија

За авторот