Обука за Прва помош во „Свети Иван Крстител“ – Струмица

Обука за Прва помош во „Свети Иван Крстител“ – Струмица

Во сабота 18 февруари 2017 година во салата „Мајка Тереза“ при парохијата Свети Иван Крстител – Струмица во организација на Парохискиот Каритас се одржа обука по Прва помош на тема „Помош и самопомош“. Предавањето го одржа д-р Зоран Панев од Свети Николе, кој ефективно ги комбинира медицинските препораки за давање прва помош со неговото долгогодишно иксуство како поранешен лекар во итната медицинска помош.  На предавањето присуствуваа членови од Црковниот одбор, како и волонтери.

Обуката изобилуваше со предавања и практични вежби на релевантни теми, на пример реанимација, згрижување при задушување, повреди, грчеви, алергиски реакции, постапка при повреда од електричен удар и труења. Една од големите придобивки на обуката е практичниот дел каде што учесниците имаат можност да вежбаат реанимација на фантоми кукли.

Преку оваа обука присутните ќе знаат како подобро да постапат според медицински протоколи во одредени ургентни ситуации. Исто така ќе знаат како да спроведат реанимација, како и да дадат прва помош на лица загрозени по живот.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот