Првите 100 дена од понтификатот на папата Фрањо
Кога некој почнува со нова работа, обично првите 100 дена се нарекуваат време на транзиција. Преку тоа време се открива нечија специфичност и работните навики. Во случајот на папата Фрањо, светот не мораше долго да чека за тоа да се открие. Во само неколку месеци, неговиот отворен пристап ја оживеа Црквата.
Издвојуваме неколку негови мисли кои го опишуваат неговиот специфичен пристап.
„Еден професор ме праша: Зошто не живееш во Апостолската палата? А јас му одговорив: Бидејќи сум во одредена психијатријска состојба, тоа е мојата посебност“, рече Папата додаде дека не сака да живее сам во Папскиот стан туку меѓу луѓето, во Куријата.
Папата сака да импровизира, да се шали и да се поздравува секого што ќе наиде. Токму престојот во домот Света Марта му овозможиа низа неформални средби. Понекогаш знае дури и се оддалечува од Ватикан и оди на исповед.
Папата Фрањо воведе и нов обичај: секое утро ја предводи светата Литургијата во капелата на домот Света Марта со кратка проповед во која го образложува дневното Евангелие, а во катехезата упатува јасна порака за тоа како Црквата и христијаните треба да се однесуваат.
Посебно се труди да им се приближи на поклониците што доаѓаат во Рим. Кога има лсвети Литургии и аудиенции, многу време поминува поздравувајќи ги и благословувајќи ги. Сите негови аудиенции се преполни со поклоници.
Говорите на Папата се оценуваат како многу храбри, а неговите зборови и пораки се директни. Но и покрај неговиот специфичен стил, папата Фрањо со својата наука ги следи неговите претходници. Често го цитира Бенедикт XVI, Иван Павле II и Павле VI.
Веднаш на почетокот на својот понтификат, папата Фрањо силно се зазеде за лугето во потреба. Покажа искрено интересирање за болните, сиромашните, децата и оние со разни други потешкотии. Ги повика сите христијани да се вклучат активно и им помогнат на тие што живеат на работ од општеството.
„Тоа може да биде опасно. Се затвораме во нашите парохии, со нашите пријатели, соработници, со оние што ги делат со нас истите размислувања… и знаете што се случува? Кога Црквата е затворена, таа слабее“, предупредува Папата.
Пред својот избор, уште како кардинал Бергољо често зборува за потребата од поедноставна Курија која би им помогнала на епископите од целиот свет. За тоа зборуваа и кардиналите пред почетокот на конклавата.
Кога стана Папа, формираше комисија од осум кардинали чија задача е преструктуирање на Куријата и за начинот со кој ќе се управува Црквата. Таа комисија првиот свој состанок ќе го има во октомври и ќе го советува Папата кои реформи треба да се преземат за да се дојде до поефикасен модел.
„Би сакал да имам сиромашна Црква, Црква за сиромшните… Кога Црквата сака да се фали со својата големина, па формира организации, канцеларии, и станува службеничка, ја губи својата главна цел, така може да се претвори во некоја невладина организација. А тоа не е патот“, рече Папата.
Светот и понатаму останува воодушевен од неговите мали гестови, како што се, на пример, ненадејните телефонски повици, делењето на капите на поклониците или подготвување сендвич за будниот гардист. (Превод: В.Н.)