Украсување на елка – религиозен или пагански обичај?

Украсување на елка – религиозен или пагански обичај?

Не може да се замисли прославиата на Божиќ без убаво украсените зелени елки. Нема дом во кој овие празнични денови нема да биде поставена на важно место убаво украсена елка. И не само во домовите каде што живеат луѓето, туку праксата е проширена и во црквите и катедралите, плоштадите, излозите на дуќаните и сите други простории каде се собираат луѓе.

Речиси тоа зимзелено дрво и не станало предмет на обожавање. Најчесто се поставува при јаслите, или близу до некоја слика која што го прикажува раѓањето на Детето Исус. Од каде доаѓа поврзаноста на празникот Божиќ и украсувањето на елката?

Пред сѐ, овоплотението на Спасителот и украсената елка немаат никакви допирни точки. Врската настанала во новите векови на христијанството, а преземена е од некои други, нехристијански култури.

Таа вообичаена зимска сцена, избелена елка, која сама по себе е украс, особено била присутна во стари германски племиња кај кои се појавува како свет предмет и симбол. Обичајот бил поврзан со зимскaта краткодневица (околу 21 декември) која ја сметале за ден на повторното раѓање на богот на сонцето.

Украсувањето на стеблата подоцна станува еден од христијанските обичаи, и тоа откако Црквата 25 декември го одредува како денот на Христовото раѓање, со тоа заменувајќи ја паганската прослава на краткоденицата. Исто така според црковните записи, Свети Бонифациј се обидел на германските племиња христијанството да им го претстави со објаснување на науката за Пресветото Тројство користејќи се со видовите на северните бели елки поради нејзините навидум триаголен облик.

Почетоците на обичајот за украсување на елките можно е да се прати токму преку германските народи, од 16. век па понатаму. Секако, обичај за украсување на елки во христијанството се појавуваат понапред во протестантските земји, што во католичкиот свет е прифатен со резерва. Во почетоците на 19. век обичајот се раширил во сите делови на светот и набргу станал општоприфатен знак за Божиќ во сите слоеви од општеството.

Резултатот на современата комерцијализација на Божиќ е и во поставувањето на божиќни украси и украсени елки многу порано отколку што тоа е вообичаено. Се поставуваат насекаде, и природни и вештачки дрвца, во разни облици и со безбројни видови накит. Сѐ блеска, трепери.

На крајот останува да одговориме на прашањето дали украсувањето на елката е религиозен или пагански обичај? Изгледа дека на тоа прашање најдобро одговара фактот дека во сето тоа повторно свој интерес пронашле токму големите трговски ланци, затоа што вистинската експанзија на Божиќни украси доаѓа токму со нивната појава. Па заради тоа како што овој обичај дошол од паганството, така и се враќа кон истото.

Не е ниту чудно што многу теолози и епископи на големо го критикуваат поставувањето на елките во катедралите и црквите. Или, ако веќе „мора“, тоа нека се направи дискретно и со чувство за свето. Елката во божиќното време не смее да го одвлекува внимание во црквата, ниту пак со своите украсни декорации од евтините кинески лампиони со сребрена и златна боја, ниту со невкусните трепливи светилки од 99 денари.

Тео Милес/Веритас.хр/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Колумни

За авторот