Петок 13

Петок 13

Денес е петок 13. Повеќето ќе речат – па што, ден како и секој друг, вчера беше дванаесеттиот, а утре ќе биде четиринаесеттиот. Другото мнозинство бескрајно ќе ги наброи „фактите“ за тоа каква улога и настани го придружуваат тој ден низ историјата.

Вообичаените секојдневни активности на тоа мнозинство ќе поминат во „злобен“ ден, припишувајќи му бројни опасности дека е најдобро да спиете или да поминете во изолација во своите четири sида за да спречите евентуални несреќи …

Каде сме јас и ти во тоа, каде е Исус? Кај христијанитенема такво нешто. Денес, на „Петок 13“, ќе застанеме во подножјето на Неговиот Крст заедно со Неговата Мајка и ќе побараме храброст и сила да го поминеме овој ден во слава Божја. Денес ќе постиме од љубов кон Господ и со тоа ќе спречиме секакво зло. Во негова слава и чест (не некакво празноверие), да се ставиме на Него на располагање (не на светот), и на крајот од овој ден да ги ставиме сите свои болки и радости во Неговото Пресвето Срце.

Таков е петок 13 кај христијаните.

Меѓугорје инфо/к.мк

Категорија: Колумни
Ознаки Петок 13

За авторот