Првата порака на папата Фрањо до народот во Ирска

Првата порака на папата Фрањо до народот во Ирска

Папата го започна своето Апостолско патување со кратка порака која ја напиша во книгата на честа во претседателската резиденција Áras an Uachtaráin.

Првата дестинација на папата Фрањо во Ирска беше претседателската резиденција Áras an Uachtaráin, каде што се сретна со претседателот на Ирска Мајкл Хигинс.

За време на кратката церемонија, Светиот Отец напиша кратка порака до ирскиот народ во книгата на честа:

„Со благодарност за топлото добредојде што го добив, Ве уверувам вас и народот во Ирска во мојата молитва дека Семоќниот Бог може да ве води и заштитува сите вас.“

Папата го посети претседателот, пред да се префрли во замокот Даблин каде ќе се обрати на владините власти, лидерите од граѓанското општество и членовите на дипломатскиот кор.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот