Фра Паоло Мартинели е именуван за Апостолски викар за Јужна Арабија

Фра Паоло Мартинели е именуван за Апостолски викар за Јужна Арабија

На 1 мај 2022 година, папата Фрањо го именува фрањевецот капуцин, досегашен помошен епископ на Милано, отец Паоло Мартинели, за Апостолски викар за Јужна Арабија. Во службата тој го наследува својот брат, бискупот Пол Хиндер.

Поранешниот Апостолски викар за Арапскиот полуостров бискупот Пол Хиндер  заминува во мирување, а негов наследник ќе биде Паоло Мартинели, 63 годишен брат капучин и досегашен помошен епископ на Милано.

Фра Паоло Мартинели е роден во Милано на 22 октомври 1958 година и во 1978 година се приклучил на Монашката заедница на малите браќа капучини. За свештеник е ракоположен во септември 1985 година, студирал и предавал теологија на различни Папски универзитети. На 24 мај 2014 година е именуван за помошен епископ на Милано, а на 28 јуни е хиротонисан во катедралата во Милано. Тој е одговорен во надбискупијата за посветениот живот и училишен пасторал и е пратеник на Италијанската епископска конференција (ЦЕИ) за посветен живот и пастасторал за болните. Во Италијанската епископска конференција е претседател на Епископската комисија за свештенство и посветен живот и често соработува со Конгрегациите на Светиот Престол.

Соопштувајќи ја веста за именувањето, миланскиот надбискуп монс. Марио Делпини во пораката истакна дека оваа нова мисија го повикува бискупот Мартинели да се грижи за католичките верници присутни на многу голема површина, главно мигранти поради работа од азиските земји. Викаријатот ги вклучува Обединетите Арапски Емирати, Оман, Јемен, со вкупно население од околу 43 милиони луѓе. Во име на миланската надбискупија и ломбардската бискупска конференција, надбискупот Делпини му изрази благодарност и восхит на фра Паоло.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот