Папата ги покани бездомниците и мигрантите на филмска вечер

Папата ги покани бездомниците и мигрантите на филмска вечер

Папата Фрањо на 24 мај 2021 година се сретна со бездомници и мигранти во Ватикан, кои ги покани да присуствуваат на филмот „Фрањо“ во салата за аудиенција.

Средбата со околу стотина гости се одржа после проекцијата на филмот „Фрањо“ во салата Павле VI. Во документарниот портрет „Фрањо“, американскиот режисер роден во Русија, Евгениј Афиневски, го потенцира социјалното послание на папата Фрањо, неговата посветеност кон оние на маргините од општеството, сиромашните и мигрантите.

Проекцијата на филмот во Ватикан беше организирана од режисерот Афиневски и Фондацијата Лаудато си, а пред прикажувањето на филмот на посетителите им беа поделени пакети со храна, стои во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот