По повод посетата на Папата, „Оче наш“ на јазикот на Ромите

По повод посетата на Папата, „Оче наш“ на јазикот на Ромите

На третиот ден од своето 34 меѓународно патување надвор од Италија во Словачка, папата Фрањо во вторник на 14 септември ќе се сретне со околу 4000 Роми кои во сиромашниот кварт Луник IX во предградието на Кошице живеат во тешки услови триесет години.

Претставниците на ромската заедница со Папата ќе се сретнат во центарот на салезијанците „Дон Боско“ во попладневните часови. За духовниот дел од програмата организаторијата ја преведоа молитвата Оче наш на верзија која Ромите со своите различни дијалекти ќе можат заедно да ја молат и да пеат па така според пишувањето на медиумите во Словачка, средбата со Папата ќе биде прилика и за зајакнувањето на заедништвото меѓу Ромите.

Во пресрет на доаѓањето на Папата во центарот се подготвува повеќе часовна уметничко-духовна програма. Во 11.00 часот светата Литургија за празникот Воздвижение на светиот Крст ќе ја предводи апостолскиот префект на Азербејџан епископот Владимир Фекете, а ќе проповеда салезијанецот дон Јозеф Лускон. Следи концеротот на хорот Луник IX и уметничко духовната програма на тема „На патот“ со песна, игра, сведоштва и молитви. Песни за почитување и благодарност ќе бидат вовед во получасовната програма со папата Фрањо која започнува во 16 часот.

Претседателот на Епископската конференција на Словачка надбискупот Станислав Зволенски средбата на ромската заедница со Папата однапред ја оцени за многу важен знак. Додава дека Католичката Црква е многу активна во тој сиромашен кварт, а присуството на Папата ќе покаже дека Светиот Отец е свесен за тие напори и дека ги поддржува.

Во неделата на 5 септември започна Деватницата за средба со Папата со која сака да се „отворат ромските срца за Христос“ и истовремено да се придонесе за помирување и меѓусебно простување на Словаците и Ромите, истакнуваат одговорните за пасторалот со Ромите. Посебно се истакнува примерот на првиот блажен – ромот од Шпанија Кеферина Гименеза Мале кој папата свети Ива Павле II го беатифицира на 4 мај 1997 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот