Папата: Да не го загадиме Божиќ со консумеризам и рамнодушност

Папата: Да не го загадиме Божиќ со консумеризам и рамнодушност

На денот на свеченото предавање на божиќната пештера и елката поставена на главниот плоштад во Ватикан, како и во салата Павле VI, папата Фрањо ги прими во аудиенција на делегациите кои соработуваа во овогодинешната традиционална изработка и подготовка и им се заблагодари.

Овогодинешните јасли доаѓаат од Перу и ги прикажуваат жителите на селото Чопка на Андите, заедница од областа Хуанкавелица. Дрвото е од Трентино, Италија, а божиќните јасли во салата на Павле VI. е изработено од младите на парохијата Свети Вартоломеј од Виченца. Нивните делегации беа примени во аудиенција кај папата Фрањо кој им се заблагодари и ги повика да се грижат за најслабите како навистина би се случил Божиќ.

Универзален повик за спасение

Ликовите од јаслите од Перу, изградени со материјали и облека карактеристични за тие подрачја, ги претставуваат народите на Андите и го симболизираат универзалниот повик за спасение. Навистина, Исус дојде на земјата кај конкретни народи за да го спаси секој маж и жена, од сите култури и националности, рече Папата. Тој стана мало мал за да можеме да го примиме него и дарот на Божјата нежност.

Христос, дрвото на животот

Зборувајќи за елката висока 28 метри од Андалските шуми во Трентино, Папата рече дека елката е симбол на Христос, дрвото на живот (сп. Откровение 2,7), дрво до кое човекот не можел да пристапи поради гревот (сп. 1. Мојсеева 2,9). Но на Божиќ божествениот живот му се придружува на човечкиот. Божиќното дрво повикува на повторно раѓање, дар од Бога, кој засекогаш е соединет со човекот, кој за нас го дава животот, објасни Папата. Светлината на дрвото потсетува на Исусовата светлина – светлината на љубовта која продолжува да свети во ноќите на светот.

Да не правиме лажен, комерцијален Божиќ

Папата повика да не го загадуваме Божиќ со консумеризам и рамнодушност. Неговите симболи – особено јаслите и украсеното дрво – нè враќаат во сигурноста што ги исполнува нашите срца со мир, во радоста за овоплотението, во Бог кој ни станува близок. Дрвото и јаслите нè воведуваат во онаа типична божиќна атмосфера што е дел од наследството на нашите заедници – атмосфера богата со нежност, споделување на семејна блискост. Да не правиме лажен, комерцијален Божиќ, повика Папата, повикувајќи нè да дозволиме да бидеме зафатени од Божјата близина која е сочувствителна и нежна и божиќната атмосфера, која уметноста, музиката, песната и традицијата ја носат во нашите срца. Во оваа атмосфера ќе можат да уживаат и оние кои во наредните денови ќе ја посетат салата Павле VI, додаде Папата, благодарение на јаслите кои ги изработија младите од парохијата Свети Вартоломеј.

Грижете се за браќата и сестрите

Божиќ е празник на доверба и надеж. Причина за нашата надеж, продолжи Светиот Отец, е тоа што Бог е со нас, што верува во нас и никогаш не се изморува од нас! Не се изморува да простува. Ние сме тие, додаде Папата, кои се изморуваме да бараме прошка. Тој доаѓа да живее со човекот, ја избира земјата за свој дом за да остане со нас и да ја преземе реалноста во која ги поминуваме нашите денови. На тоа нѐ учат јаслите. На Божиќ, Бог не се открива како некој од висините што треба да владее, туку како Оној што се понижува, мал и сиромав, сопатник на патот, за да служи. За Божиќ навистина да се случи, нагласи Папата, да не заборавиме дека Бог доаѓа да биде со нас и бара од нас да се грижиме за нашите браќа и сестри, посебно за најсиромашните, најслабите и најкревките кои се во опасност да бидат понатаму маргинализирани поради пандемијата. Така дојде Исус, а на тоа нѐ потсетуваат јаслите – рече на крајот Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот